5 јануари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дек - Јануари - Фев | ||||||
п | в | с | ч | п | с | н |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
календар за 2008 г. Сите дати |
5 јануари е 5-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 360 денови до крајот на годината (361 во престапна).
Настани:
1895 | Германскиот физичар Вилхелм Рентген ги пронајде „Х“ зраците, подоцна по него наречени „Рентгенски зраци“. |
1968 | Александар Дупчек стана прв секретар на КП на Чехословачка и со него започна процесот на внатрешна либерализација, дефиниран како „Прашка пролет“. |
1981 | Почна електрификацијата на железничката пруга Скопје - Гевгелија, што заврши на 24 ноември 1986 година. |
1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Узбекистан и Република Молдавија. |
Родени:
1875 | Владислав Ковачев, популарен Штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација. |
Починале:
911 | Свети Наум Охридски Чудотворец, еден од основоположниците на словенската и македонската писменост и просвета. |
1990 | Филип Симоновски, истакнато име на македонското новинарство, уредник и публицист во „Нова Македонија“. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |