Споменик на Vittorio Emanuele II
Од Википедија, слободна енциклопедија
Monumento Nazionale a Vittorio Emanuele II (Националниот споменик на Виктор Емануел 2-ри) или Altare della Patria (Олтар на Татковината) или "Il Vittoriano" е споменик во чест на Виктор Емануел, првиот крал на обединета Италија. Се наоѓа во Рим, Италија, меѓу Пјаца Венеција и Ридот Капитол. Споменикот бил дизајниран од Ѓузепе Сакони во 1895. Бил официјално претставен во 1911 и завршен во 1925.[1]
Споменикот е изграден од чист бел мермер и содржи прекрасни скали, високи Коринтски столбови, фонтани, голема скулптура на Виктор Емануел на коњ и две статуи на божицата Викторија како јава на квадриги. Структурата е широка 135 метри и 70 метри висока. Ако се сметаат и квадригата и крилатите победи, достигнува висина до 81 метар.[1]
Споменикот го содржи гробот на Непознатиот Војник со вечен пламен, изграден под статуата на Италија по Првата Светска Војна. Основата на структурата исто така вклучува и музеј на Италијанското Обединување.[1][2]
Споменикот бил контраверзен бидејќи со неговата изградба се уништил голем дел од ридот Капитол со средновековната област. Самиот споменик често се смета за преголем и прераскошен.[2][3][4] Јасно се гледа од голем дел од Рим иако има коцкаста форма и нема купола или кула.[1] Споменикот исто така е блескаво бел, упадлив меѓу претежно кафеникавите згради од околината. Заради пренатрупаната конструкција носи неколку навредливи прекари. Римјаните некогаш го нарекуваат „Zuppa Inglese“, „свадбената торта“, и „лажните заби“, додека американците кога го ослободиле Рим во 1944 го нарекле „машина за пишување“, прекар прифатен и од локалното население. И покрај сите критики, споменикот привлекува голем број на посетители. Се појавува
[уреди] Референци
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Vidotto, Vittorio. "The Invention of Two Capital Cities. Archaeology and Public Spaces in Athens and Rome" (PDF). European Association for Urban History. Пристапено на 2007-02-26.
- ↑ 2,0 2,1 d'Aquino, Niccolo (Feb 2001). "Capitals: Rome". Europe (403): 36-38. Пристапено на 2007-02-26.
- ↑ Atkinson, David, Cosgrove, Denis (Mar. 1998). "Urban Rhetoric and Embodied Identities: City, Nation, and Empire at the Vittorio Emanuele II Monument in Rome, 1870-1945". Annals of the Association of American Geographers 88 (1): 28-49. Пристапено на 2007-02-26.
- ↑ Anonymous (Oct 1996). "Outrage". The Architectural Review 200 (1196): 25. Пристапено на 2007-02-26.