Северозападни Територии
Од Википедија, слободна енциклопедија
Северозападни територии (англиски: Northwest Territories / француски: les Territoires du Nord-Ouest) е една од 3 канадски територии. Се наоѓа во северна Канада, источно од Јукон, западно и јужно од Нунавут и северно од Британска Колумбија, Алберта и Саскачеван.
Површина: 482.443 km² (напомена: во прилозите за Канада под површината се подразбира површина на копното на секоја провинција или територија)
Жители: 31.227
Главен град: Јелоунајф (англиски:Yellowknife ) од 1967. година.
Најзначајна географска занимливост се езерата Голема мечка и Големо Ропско езеро, огромната река Мекензи, и кањонот на реката Нахани.