Ројтлинген
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ројтлинген е град во Баден-Виртемберг, југозападна Германија. Тој е седиште на истоимената Ројтлингенска Област. Во септември, 2004 година, градот имал 109,939 жители. Ројтлинген има универзитет за применети науки, основан во 1855, првобитно како ткајачко училиште.
Ројтлинген се наоѓа 48° 29' 34 на север и 9° 12' 45 на исток. Тој лежи 380 m над морската површина. Се простира до Швапската Јура, а тоа е и причината што понекогаш се нарекува и Поратата на Швапската Јура (на германски: Das Tor zur Schwäbischen Alb).