Природен сателит
Од Википедија, слободна енциклопедија
Природен сателит е објект кој кружи окулу планета или некое поголемо тело од него, а не е направено од човекот. Ваквиот објект најчесто се нарекува месечина. Технички, поимот природен сателит исто така може да се однесува и на планета која орбитира околу некоја ѕвезда, или уште повеќе ѕвезда која орбитира околу својот галактички центар. Но вообичаено поимот природен сателит се однесува на сателитите на планетите, џуџестите планети или минорните планети.
Има околу 240 познати месечини во Сончевиот Систем, вклучително оние 162 кои орбитираат околу планетите, 4 кои орбитираат околу џуџестите планети, и многу други кои орбитираат околу помали објекти во сончевиот систем. Другите ѕвезди и нивните планети исто така имаат природни сателити.