Питагора
Од Википедија, слободна енциклопедија
Питагора (582 п.н.е. – 496 п.н.е., на грчки: Πυθαγόρας) бил јонски математичар и философ, најпознат по формулирањето на Питагоровата теорема.
Познат како "татко на бројките", тој имал значаен допринос во филозофските и религиозните предавања во доцниот 6 век. Затоа што легенда и нејаснотии го замаглуваат неговото дело уште повеќе отколку кај други пред-Сократовци, тешко може да се зборува со сигурност за неговиот живот и неговите предавања. Питагора и неговите следбеници верувале дека се е поврзано со математика, и чувствувале дека се може да се предвиди и измери со помош на ритмични циклуси.