Паѓај сило и неправдо
Од Википедија, слободна енциклопедија
Паѓај сило и неправдо, изворно српскохрватски: Падај сило и неправдо / Padaj silo i nepravdo, е хрватска народна песна со, во некоја рака, револуционерни мотиви која ја воспева Хрватската буна (1510 - 1514) под водство на Матија Иваниќ. Со своите силни, остри и одлучни стихови песната останува симбол на отпорот кон тиранинот и слободољубивоста на хрватскиот народ. Бидејќи го воспева обичниот народ (селаните), таа е прифатена на широка врата и често ја пееле партизаните во Втората Светска Војна.
[уреди] Текстот
Текстот, на изворниот српскохрватски и вики македонски препев, е следниов:
Padaj silo i nepravdo, Pravo naše ugrabljeno Gradove smo vam podigli, Nevolja će biti vela Nastati će novo doba Zastava će nova viti |
Падај сило и неправдо, Право наше уграбљено Градове смо вам подигли, Невоља ће бити вела Настати ће ново доба Застава ће нова вити |
Паѓај сило и неправдо, Правото ни одземено Градови ви подигнавме, Неволја ќе е голема Ќе настапи ново доба Знаме ново ќе се вее |
[уреди] Интересно
- Песната е можеби најпозната од филмот „Битката на Неретва“ (или „Битката за ранетите“), во кој во една сцена ранетите партизани ја пејат во подршка на своите другари кои ја бранат Болницата на Врховниот Штаб.
- Горан Бреговиќ ја обработил оваа песна за потребите на албумот „Пљуни и запјевај моја Југославијо“ / „Pljuni i zapjevaj moja Jugoslavijo“ на легенгарната група Бијело Дугме, каде песната е насловена како Прелудијум / Preludijum, а ја пејат децата од Домот за деца без родители од Сараево и народниот херој ген.Светозар Вукмановиќ - Темпо