Михаил Ботвиник
Од Википедија, слободна енциклопедија
Михаил Мојсеевич Ботвиник е руски шахист е роден во Санкт Петербург во 1911.
Научил да игра шах од татко му, а многу брзо станал и шаховски генијалец. Релативно доцна станал светски првак во 1948 година, но ја има таа судбина да биде активен во времето на фантастичниот Александар Аљехин. Во 50-тите освојува и неколку златни медаљи со непобедливата репрезентација на Советскиот Сојузна шаховските олимпијади, а во 1951 и 1954 година успева да ја одбрани титулата светски првак, а особено интересен е неговиот реми резултат 12-12 против Давид Бронштајн во 1954 година,па поради правилото дека предизвикувачот мора да победи за да стане светски првак Ботвиник останува на тронот. Во 1957 година Ботвиник ја губи титулата светски првак во шах од Василиј Смислов, но веќе наредната 1958 повторно застанува на тронот. Во 1960 година Ботвиник повторно ја губи титулата светски првак во шах, но овој пат од Михаил Таљ, против кој во наредната 1961 повторно ја покажува својата волја и упорност и повторно станува светски првак во шах, за конечно во 1963 година да ја загуби титулата од Тигран Петросјан. Во остатокот од неговиот релативно долг живот Ботвиник работи како творец на многу шаховски книги и учебници, како и на многу шаховски критики. Работи и како учител, а несомнено најголем негов ученик е Гари Каспаров. Михаил Мојсеевич Ботвиник умира во Санкт Петербург во 1995 година.
[уреди] Ботвиник во Скопје
Михаил Ботвиник е добро запамтен и во Македонија по неговите доаѓања во Скопје, најпрвин за време на одржувањето на шаховската олимпијада во Скопје во 1972 година, а и во наредната 1973 за време на одржувањето на турнирот на солидарноста во Скопје.