Квинстаун, Нов Зеланд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Квинстаун Queenstown |
||
---|---|---|
Населена област | Население | 9,251 (2006) |
Зафатнина | ||
Територијална власт |
Име | Окружен Општински Совет Квинстаунски езера |
Регионален Општински Совет |
Име | Отаго |
Квинстаун (англиски: Queenstown) е одморалишно гратче во Отаго во југозападниот дел на Новозеландскиот Јужен Остров. Гратчето е живописно изградено околу протокот на езерото Вакатипу, долго езеро во облик на буквата „Ѕ“, и ужива спектакуларен поглед на околните планини.
Постојат разни образложенија за името на гратчето, од кои најпопуларно е дека некој локален трагач по злато извикал дека местото е „достојно на Кралицата Викторија“. Заради неговата популарност кај туристите поради разноликите активности, новозеланѓаните понекогаш го нарекуваат Квинстаун, „Вегас крај езерото“.
Гратчето е најголемиот центар на Централно Отаго, но поради некои административни причини се смета за дел од Саутленд. Според пописот од 2006 год, бројот на постојаните градски жители на Квинстаун (вклучувајќи го Френктон и Келвиновите висови) изнесува 9251.
Околни гратчиња и окрузи се Ероутаун, Ванака, Александра и Кромвел. Најблиските поголеми градови се Данидн и Инверкаргил.
Содржина |
[уреди] Туризам
Како одморалишен град, Квинстаун е центарот на авантуристичкиот туризам. Скијањето, глисирањето, банџи скокањето, планинскиот велосипедизам и планинарењето се силна страна на местото.
Заедно со планината Руапеху, Квинстаун е најголемиот скијачки центар во Нов Зеланд, со голема посетеност на четирите главни терени од скијачи од земјата и ширум светот. Имињата на овие терени се (Кардрона, Коронетски врв, Инзвонредните и Троен корнет).
Друга причина зошто луѓето одат во Квинстаун е неговото реноме како центар за вино и храна. Блиското гратче Ероутаун има одлични ресторани и барови, а самиот Квинстаун се наоѓа близу до еден мал вински регион. Таму Пино ноар-от достигнува високи цени.
[уреди] Одбрани активности
- Езерото Вакатипу - ДП Ернсло, Кингстонов летач, Крилест брод
- Авантуристички туризам, глисери, банџи-скокање, скијање
- Крикет (нов интернационален простор за еднодневен крикет)/Голф
- Интернационален аеродром (само НЗ-Австралија)/Планини - разгледување од авион
- Жичарница со кабини и брзи санки
- Зимски фестивал
- Златарско рударство, Ероутаун, историја на Централно Отаго, овчарство и бачилото Волтеров Врв.
- Округот Јужни Езера & Милфордски мореуз/Хомеров тунел
- Патеките Гленорхи & Рутбурн
[уреди] Галерија
[уреди] Транспорт
Покрај аеродромот, до Квинстаун може да се дојде преку автопатот State Highway 6 кој го поврзува со Кромвел и Данидн на исток преку змијулестата и подложна на лизгање клисура Каварау, и на југ преку езерското крајбрежје до Лумсден и Инверкаргил. ПОстои и многу тежок пат преку планинскиот венец Краун Рејнџ кој води до скијачкиот терен Кардрона и до гратчето Ванака. Овој пат воедно претставува највисок јавен пат во земјата.
[уреди] Извори
- Reed, A. W. (2002). The Reed Dictionary of New Zealand Place Names. Auckland: Reed Books. ISBN 0-7900-0761-4.
[уреди] Надворешни врски
- Queenstown.com
- Окружна општина на Квинстауншките езера
- Стопанска комора
- Искусете го Квинстаун
- Вработувања во Квинстаун
Територијална поделба на Нов Зеланд |
---|
Градови: |
Северен Брег | Ваитакере | Окленд | Манукау | Хамилтон | Тауранга | Напиер | Палмерстон Север | Порируа | Горен Хат | Долен Хат | Велингтон | Нелсон* | Крајстчерч | Данидн | Инверкаргил |
Окрузи: |
Северен Остров: Далек Север | Фангареи | Каипара | Родни | Папакура | Френклин | Темза-Коромандел | Хаураки | Ваикато | Матамата-Пиако | Ваипа | Јужно Ваикато | Оторогханга | Роторуа | Ваимото | Таупо | Залив на of изобилието | Факатане | Каверау| Опотики | Гизборн* | Ваироа | Хестингс | Централен Јастребов залив | Нов Плимут | Стратфорд | Јужен Таранаки | Руапеху | Фангануи | Рангитикеи | Манавату | Тараруа | Хорофенуа | Капитско крајбрежје | Мастертон | Картертон | Јужна Ваирарапа |
Јужен Остров: Тасман* | Марлборо* | Булер | Греј | Вестленд | Каикоура | Хурунуи | Ваимакарири | Селвин | Ешбуртон | Тимару | Мекензи | Ваимате | Ваитаки | Квинстаунски езера | Централно Отаго | Клута | Гор | Саутленд |
Територија: Четемски острови |
*унитарни адмнинистративни единици |