Европска обединета левица - Нордиска зелена левица
Од Википедија, слободна енциклопедија
Европската обединета левица - Нордиска зелена левица (ЕОЛ-НЗЛ) е политичка група во Европскиот Парламент составена од социјалистичките и комунистичките партии. Од 2005 година има 41 пратеник.
Составена е од две подгрупи, Европската обединета левица (која е составена од јадро на партии кои се членки на Партијата на европската левица и од останати неповрзани левичарски партии) и од Нордиската зелената левица која е составена од партиите припаднички на Сојузот на нордиската зелената левица од Шведска и Финска.
[уреди] Историја
Корените на ЕОЛ-НЗЛ се од 1989 година, кога Италијанската комунистичка партија, Шпанската обединета левица, Социјалистичката народна партија од Данска и Синаспизмос од Грција основаа група наречена Европска обединета левица. Италијанската партија, по промената на партиската идеологија од еврокомунизам во социјалдемократија, ја напушти групата и се приклучи кон Партијата на европските социјалисти.
Кратко време потоа, групата се проширува со други партии и се формира како политичка група на почетокот на четвртиот мандат на Европскиот Парламент во 1994 година под името Конфедерална група на Обединетата европска левица. Во тоа време групата ја сочинуваат: Шпанската обединета левица, Француската комунистичка партија, Партијата на обновените комунисти од Италија, Португалската комунистичка партија, Комунистичката партија на Грција и Синаспизмос.
[уреди] Партии членки
Во моментот партии членки на ЕОЛ-НЗЛ се:
- Прогресивна партија на работниот народ (Кипар)
- Комунистичка партија на Чешка и Моравија (Чешка)
- Левичарски сојуз (Финска)
- Француска комунистичка партија (Франција)
- Левичарска партија (Германија)
- Синаспизмос (Грција)
- Комунистичка партија на Грција (Грција)
- Шин Фејн (Ирска и Британија)
- Партија на обновените комунисти (Италија)
- Партија на италијанските комунисти (Италија)
- Социјалистичка партија (Холандија)
- Португалска комунистичка партија (Португалија)
- Комунистичка партија на Словачка (Словачка)
- Обединета левица (Шпанија)
- Левичарска партија (Шведска)
Асоцијативни партии се:
- Левичарски блок (Португалија)
- Левица (Луксембург)
- Партија на социјалистичкиот сојуз (Романија)
- Народно движење против ЕУ (Данска)
Асоцијативни партии членки на ЕОЛ-НЗЛ се и две партии од земји кои не се членки на ЕУ. Тоа се:
- Социјалистичка левичарска партија (Норвешка)
- Швајцарска партија на трудот (Швајцарија)