Вестминстер (град)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Град Вестминстер City of Westminster |
|
Прикажано во рамките на Голем Лондон |
|
Географија | |
---|---|
Статус | Лондонска околија Град (1540) |
Површина — Вкупна |
Рангиран 346ти 21.48 km² |
ОНС код | 00BK |
Административно седиште | Викторија |
Демографија | |
Население — Вкупно (2006) — Густина |
Рангиран 47ми (од 354) 231,900 10.796 / km² |
Народност | 73.2% белци 48.5% бели британци 3.7% ирци 21.0% сите други бели 8.9% јужноазици 7.4% афрокарипци 2.2% кинези |
Политика | |
Управа | Лидер & Кабинет |
Градоначалник | Сов. Керолин Кин |
Извршна | Конзервативец |
Парламентарци | Карен Бак (Лаб.) Марк Филд (Конз.) |
Грб | |
Официјално веб-место | http://www.westminster.gov.uk/ |
Град Вестминстер (англ. City of Westminster) е околија (borough) во Лондон, Англија со статус на град. Се наоѓа западно од Град Лондон и северно од реката Темза, и обликува дел од Потесен Лондон и најголем дел од лондонското централно подрачје.
Во градот спаѓа речиси сет лондонски Западен Крај и седиштето на владата на Обединетото Кралство, со Вестминстерската палата, Бакингемска палата, Вајтхол и Кралските Судови.
Во 1965 оваа околија била создадена од некогашниот региони Метрополска околија Св. Мерилебон, Метрополитенска околија Падингтон и помалиот Град Вестминстер. Покрива многу поголем простор од првичниот Вестминстер.
Содржина |
[уреди] Демографија
Околијата брои 198,779 жители, но некои проценки велат 220,000. 73% од населението е бело, 4% црни африканци 3% индици. 35% од домаќинствата го поседуваат станот во кои живеат.
[уреди] Политика
Градот се дели на 20 кварта.Советот е составен од 48 Конзервативци и 12 Лабуристи.
[уреди] Окрузи
Градот Вестминбстер ги покрива следниве окрузи сосема или делумно:
- Бејсвотер
- Белгравија
- Вестборн Грин
- Вестминстер
- Западен Крај
- Ковент Гарден
- Краличин парк
- Лисонов забел
- Мајданска долина
- Мејфер
- Мерилебон
- Милбенк
- Најтсбриџ
- Падингтон
- Пимлико
- Сент Џејмсес
- Сент Џонс Вуд
- Сохо, со Кинеската четврт
- „Тиатерленд“
- Фицровија
- Хајд Парк
- Холборн
[уреди] Знаменитости
- Видете Листа на туристички атракции во Град Вестминстер
Во Вестминстер се наоѓаат многу од лондонските атракции. Некои од нив се Бакингемската палата, Вестминстерската палата (Домови на Парламентот) и Големиот Бен и блиската Вестминстерска опатија.
[уреди] Паркови и отворени места
- Видете Вестминстерски паркови и отворени места
Овие се Грин Парк, Хајд Парк, Кензингтонски градини, Регентов Парк и Сент Џејмсес Парк,
[уреди] Транспорт
[уреди] Мостови
Овие се Челзиски мост, Катедрален мост, Хангерфордски мост, Гросвенорски мост, Ламбетски мост, Воксалски мост, Ватерлуски мост и Вестминстерски мост.
[уреди] Главни железнички станици
Овие се Черинг Крос, Мерилебон, Падингтон и Викторија.
[уреди] Лондонско метро
Градот Весминстер го опслужуваат 27 метро станици, и 10 од 12 подземни линии (Источнолондонската линија и Ватерлу и Сити се исклучоци).
[уреди] Универзитети
- Капусот на Стренд на Кралевиот колеџ.
- Лондонска бизнис школа лоцирана во Регент Парк.
- Лондонска економска школа лоцирана во Алдвич.
- Кралска музичка академија лоцирана во Мерилебон Роуд.
- Вестминстерски универзитет лоциран на три кампуса во околијата.
[уреди] Галерија
Бакингемската палата и Викторииниот споменик |
|||
[уреди] Видете исто така
- Вестминстер
- Лондонско метро
- Река Темза
- Река Вестборн
- Западен лондонски крај
[уреди] Надворешни врски
- Град Вестминстер (англиски)