Портал:Археологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
Палеолитот се карактеризира со користење на груби камени орудија од страна на човекот, а во неолитот тој изработувал поусовршени камени орудија со брусење и стругање. Освен употребата на поусовршени камени орудија, во неолитот луѓето започнале да се занимаваат и со разновидни дејности - од лов и риболов до земјоделство и сточарство. повеќе ...
Се разбира, економскиот живот, го определил и правецот на општествениот, политичкиот и духовниот развој на популацијата која го има прифатено новиот тек на развиток во новооткриената технологија. Рапидниот економски прогрес резултирал со појава на првите европски градови, како што се Троја, Крит, Микена, кои се забележани во подоцнежните епохални литературни извори, како и градење на тврдини и владетелски палати. Во тие рамки се манифестирало и самото религиско сфаќање во склоп на архитектурата, сликарството и скулптурата. Веќе припитомениот коњ и користењето на колата, како во земјоделството, така и во воените походи, овозможиле ширење на сообраќајот, трговијата и комуникацијата дури и со географски најоддалечените области.
Бронзениот период е носител и на појавата на првото европско писмо, што се јавило на Крит. Временскиот распон од III и II милениум п.н.е. меѓу народите кои живеат во Егејската област, веќе го носи печатот на културно развиениот европски дух, додека северните земји се уште живеат во претходниот стадиум од развојот на човештвото. повеќе ...
Како хронолошка одредница за почетокот на железното време се земаат последните векови од вториот милениум пне., те. околу 1200 г. пне. Оваа дата е во врска со значајните претумбации кои во тој период го потресле поголемиот дел од медитеранскиот простор т.н. егејски преселби. Поместувањето трае отприлика се до VIII век пне. кога настанува дефинитивно стабилизирање на племињата во географски аспект.
Археолошки локалитети:
Археолошки артефакти:
Со свои трудови учествувал на повеќе научни симпозиуми во земјата и во странство, а има објавено околу четириесетина стручни и научни статии и трудови, како и две монографии за некрополата Требеништа, Три Чељусти и Вртуљка (научен труд, 1985) и Уметноста на Требеништа (научен труд, 1998). повеќе ...
Проектот Археомак 2.0 има за цел да помогне постоечките и новокреираните статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците.
Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете допринос во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.
Пулнабрионскиот долмен во областа Клер, Ирска |
Скалестата пирамида на Џосер се смета за првата голема камена градба во историјата |
Месечевата пирамида, Теотивакан, пример за огромна скалеста пирамида |