Осамен наод
Од Википедија, слободна енциклопедија
Осамен наод во археологијата претставува археолошки наод кој не е поврзан со други околни наоди, т.е. е осамен. Ова обично е резултат на нецелосна истраженост на археолошкиот локалитет: многу големи археолошки откритија почнале со откривањето на еден или неколку осамени наоди. Друга причина за постоење на осамени наоди е преселба на уметнички дела или драгоцености во минатото, археолошки предмети разнесени од водотеци, итн.