Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Хераклеја Линкестис - Википедија

Хераклеја Линкестис

Од Википедија, слободна енциклопедија

Хераклеа Линкестис
Хераклеа Линкестис

Хераклеа Линкестис (латински: Heraclea Lyncestis) е древен град којшто се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи името според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење “Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба и реката Сива Вода на југ, Хераклеа опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Виа Игнација (лат. Via Ignatia) кој ги поврзувал Драч и Босфор. Од Хераклеа патот дијагонално се протегал кон Стоби, а потоа кон Сердика (ден. Софија).

Содржина

[уреди] Истражувања

Првите истражувања на Хераклеа биле преземени уште пред Првата светска војна, но во посериозен обем тие се одвивале во 1935-36 год. Систематските археолошки ископувања на градот започнале во 1959 год. и континуирано траат до денес. Градот, основан од Македонскиот Цар Филип II Македонски, во себе носи белези на еден развиен воено-стратешки центар на цеверозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).

Хераклеа, со својата повеќеслојност, сведоци за еден континуиран вековен исторички и културен развој. Откриените споменици претставуваат доказ дека градот бил граден, поградуван, рушен и одново граден и наградуван и уште од неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа хеленистичката, римска, па се до рановизантиската епоха имал статус на град со висок степен на цивилизација. Поради својата местоположба, Хераклеа не можела, а да не биде изложувана на разни влијанија и струи што доаѓале однадвор. Тоа се одразило, како врз урбаната структура на градот, така и врз стопанска и културната организација на животот во него. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба и реката Сива вода на југ, Хераклеа опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Биа Егнација, кој како воена сообраќајница ги поврзувала Драч и Босфор, преку Солун на југ и Скупи, преку Стибера и Стоби на север.


Со јакнењето на римската власт на овие простори, во периодот на 2. век пне. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско- политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Највисок степен на цивилизациски раѕвој на време на римското владеење и нивната асимилаторска политика на терените на Македонија, градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во тој период, како што сведоци еден натпис на мермерен постамент од 3. век н.е., градот го носел името SEPTINA AURELIA HERACLEA. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сй уште давале свој белег на градот При проучувањето и истражувањето на локалитетот Хераклеа, откриени се остатоците од некогашниот град, при што е направена реконструкција на неговиот изглед.


На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на Тит Флавил Орест восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални порпорции. На неа со грчко писмо е испишано неговото име. Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот - ја навестуваат маркантноста на Немеза, божицата на правда и судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот на Хесиод.




Дела и денови: ’Гладот и несреќите никогаш не ги стасуваат оние главари кои преведно судат и плодовите од својот предан труд тие ги уживаат во изобилство’, извадок што говори за високиот степен на образованост и културна свест на хераклејците во првата половина на 2. век од нашата ера, време на исклучителна градежна активност, врзана со владеењето на цар Трајан. Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето на воднта мрежа во 4. век. Термата располагала со три сали ѕа капење и таа, со минимални корекции, била во употреба дури и во 5. век.


Посебно внимание на восхит буди импозантната градба на театарот каде што генијот на искуниот градител од тоа време, Витрубиј, бил доведен во совршенство. Хипотетичките податоци, забележани од археолозите и историчарите на уметноста, говорат за тоа дека почетоците на неговата градба датираат во времето на царот Хадријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пие. Повторно, по испробаниот стар рецепт од римската архитектонска кујна, се употребени мермерот, каменот и печената тула, кои на ова монументалната градба н даваат еден еден неповторлив изглед со впечатлива естетика. Со откривањето на бината, се потврди двојната функција на театарскиот објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу орхестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезион. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил со капацитет за околз три илијади посетители од сите сталежи.



The Statue of Tutus Flavius Orestius, a public speaker of Heraklea Lynkestis


Театарот во тоа време одиграл пресудна улога во создавањето на култот на маченикот - христијанин, кој во арената бил фрлан пред изгладнетите ѕверови. Христијаните, поткрепени од дјабоката вера во Бога и спасение на душата, со молитва и без страв ја примале маченичката смрт, а тој чин громогласно бил крунисуван од страна на публиката. Крајот на третиот век до средината на четвртиот век е време на варварски напади, време на борба меѓу носителите на христијанската вера и нивните противници - паганите, со до верскиот мир кога е направен и конечноиот успешен обид за примирје.


Немирите не запираат ниту во вековите што следат. Градот ќе биде разурнат и повторно роден налик на митската птица Феникс. Според елементите на материјалната култура, со сигурност може да се тврди дека христијанството послободно пулсирало низ дамарите на градот, каде што црковниот живот започнал успешно да се организира. За тоа најдобро сведочат архитектонските остатоци од самите градби, како и неколкуте списи на епископи од 4.век н.е. Уште една поткрепа на ова е и натписот на фонтаната, што е во непосредна близина на театарската зграда со името на епископот Јован, ќие име се јавува врежано и во монограмот на еден капител во малата базилика.


На тлото на Хераклеа пронајдени се остатоци од повеќе сакрални објекти кои восхитуваат со својата убавина, посебно со онаа на подните мозаици направени во опус сецтле и во опус тессалатум, коишто претставуваат ремек дела на панохристијанската уметнос од 5. и 6. век.


Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (Б), големата базилика (ц) и земетријалната базилика (д) - сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеа, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни свавјански гробници. Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во нивната местополоќба, што зборува за високиот степен на рационализација на средствата и на просторот, односно за големото градежно искуство стекнато низ вековите наназад.


Посебен интерес буди Епископската Резиденција, која има трапезоидна форма и нејзиниот распоред е темелен на придобивките на античката традиција. Врска помеѓу епископската базилика и останатите базилики во средниот дел на овој антички град била остварена преку ходник на нејзиниот источен влез. Просториите на Епископската Резиденција биле распоредени околу централниот двор, во чие средиште се наоѓал бунар. Патосите во сите простории на епископијата се направени во мозаици цложени од ситни каменчиња по принципот тессалатум. Во него се среќаваат најразновидни геометрицки шари, розети, меандри, плетенки, рибини коски, плетен крст. Во тој декор се повторуваат мотиви од растителниот и животинскиот свет.




Епископската Резиденција била во употреба од 4. до 6. век од новата ера. На страниците на историјата на овој град биле испишани само настани што сведочат за неговата убавина и спокоен живот во него. За жал, Хераклејците ја немале таа среќа подол пероид да ги уживаат своите плодови. Честите и жестоки напади и понатаму продолжувале. Кон крајот на 6. век и почетокот на 7. век од новата ера, над Хераклеа, по долгогодишните судири со аваро - словенските племиња, завладеала ера од варварства. Така, кобната судбина на овој антички град завршила неславно со раселувањето на нејзините граѓани на разни страни, што придонело до згаснување на урбаниот живот во градот.

Некогаш велелепен град, сега само урнатина, Хераклеа, како и многу други антички населби во Македонија, доживеала повторно да блесне и посведочи за еден живот и една судбина што ја делеле многу наши предци. Сепак, и како таква денес таа нй остава без звид и со беѕбројни мисли и воздишки.

[уреди] Историја

Градот бил основан во предримскиот период, веројатно од страна на македонскиот крал Филип II или Филип V. Според пишаните извори, по освојувањето на Линкестида, Филип II подигнал тврдина (веројатно Хераклеа) преку која можел да контролира дел од кралството. Исто така постои податок според кој во почетокот на II век пр. н.е., за време на војните со Римјаните, македонскиот крал Филип V изградил неколку тврдини во пограничните области за да ја осигура границата на кралството.

Статуи на Тит Флавиј Орест и Немеза, II век
Статуи на Тит Флавиј Орест и Немеза, II век

По победата на Римјаните и поделбата на Македонското кралство на четири области (мериди), Хераклеа влегла во составот на четвртата мерида. Највисок степен на цивилизациски развој во време на римското владеење градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во овој период Хераклеа станува силен економско-политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сe уште давале свој белег на градот.

Сегмент од мозаикот во Епископската базилика, V век
Сегмент од мозаикот во Епископската базилика, V век

Во 472 и 479 год. Хераклеа била нападната и разурната од Готите предводени од Теодорих, по што следувала негова обнова, но во овој период бил намален обемот на обѕидието, зарадаи заштита на градот од опсади.

Во текот на V и VI век градот повторно бил нападнат од варварите, меѓу кои оние на Аварите и Словените и при крајот на VI век животот во Хераклеа дефинитивно замира.


[уреди] Објекти, скулптура и мозаик

При проучувањето и истражувањето на локалитетот, откриени се остатоците од некогашниот град, при што е направена реконструкција на неговиот изглед. На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на Тит Флавил Орест изработена од бел мермер, восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални порпорции (биста на Тит Флавил Орест е откриена и во храмот на Тихе, во Стибера). Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот - ја навестуваат Немеза, божицата на правда и судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот на Хесиод, Дела и дни: ’Гладот и несреќите никогаш не ги стасуваат оние главари кои преведно судат и плодовите од својот предан труд тие ги уживаат во изобилство’.

Терма
Терма

Градењето на термата означува и раѓање на една повисока здравствена свест кај тамошните жители. Во таа смисла, термата со право може да се смета за првенче во подоцнежната изградба на аквадуктот и проширувањето на воднта мрежа во IV век. Термата се состоела од сала за капење со студена вода - фригидиум на источната страна; сала со млака вода - тепидариум во средината; и многу затоплена сала во која имало врела вода - калдариум и била во употреба се до V век.


Театар
Театар

Почетоците на градбата на театарот датираат во времето на царот Aдријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пиј. Со откривањето на бината, потврдена е двојната функција на театарскиот објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу оркестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезионот. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил со капацитет за околу 3000 посетители од сите сталежи.

На тлото на Хераклеа се пронајдени остатоци од повеќе сакрални објекти украсени со подни мозаици направени во opus sectile и во opus tessalatum, датирани во V и VI век. Станува збор за малата базилика (А), цивилната базилика (B), големата базилика (C) и цеметријалната базилика (D) - сместена на околу 250 метри од централното градско подрачје на Хераклеа, покрај која се откиени ранохристијански и средовековни гробници.

Како контраст на овие раскошни градби, врз урнатините на стариот театар, биле подигнати профани градби од камен и кал. Нивната важност е во нивната местоположба, што зборува за високиот степен на рационализација на средствата и на просторот.

[уреди] Надворешни Врски

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com