Аркона
Од Википедија, слободна енциклопедија
Аркона е ’рт на островот Риген во Мекленбург-Западна Померанија, покраина во северна Германија.
[уреди] Словенски град
Помеѓу 7-12 век, на ’ртот постоел средновековниот град Аркона, кој бил престол на кнежеството на Балтичките словени рујани. Градот бил тешко утврден и представувал политички и религиозен центар на околните словенски племиња.
Иако имало поголем број храмови во градот, најважен и најголем бил тој на богот Световид. Во храмот стоел и негов идол, прикажан со четири глави, носејќи рог во едната рака, а меч во другата. Исто така, тука се наоѓало и важно пророчиште, каде што се одлучувало за мирот и војната преку однесувањето на бел пастув кој се наоѓал во храмот. Словените верувале дека Световид одел во битка јавајќи бел коњ. Храмот бил почитуван и од туѓи владетели. Например, Данскиот крал Свен Ото испратил златни садови за храмот како подарок.
Во 1168 градот бил уништен од страна на Данскиот крал Валдемар I и бискупот Абсалон. Околните словенски племиња биле изложени на насилна христијанизација.
[уреди] Други споменици
На ’ртот постојат и два стари светилника, едниот изграден во 1827, а другиот во 1902. Овие се едни од најстарите светилници кои сеуште постојат на Балтичкото Море.