Дали сте знаеле ... |
- ... дека според легендата, за да ја изградат Саат-кулата во Битола, Турците поминале по сите околни села и собрале 60.000 јајца за да направат малтер?
- ... дека италијанецот Џовани Кабото, во Англија познат како Џон Кабот, се смета дека е првиот Европеец којшто по викинзите Ерик Црвениот и Лајф Ериксон ја открил Северна Америка?
- ... дека индијанците од племето Мохавк имале 9 поглавари, по тројца од 3 различни кланови: Желки, Волк и Мечка?
- ... дека на овогодинешната победничка на Ролан Гарос Ана Ивановиќ ова ѝ е трето учество во финале на Гренд Слем турнир?
- ... дека основачот на витешкиот ред темплари (грбот на сликата) Хуго де Паен по барање на папата Урбан II со себе земал 9 витези и ги обезбедувал аџиите коишто оделе во Ерусалим од пљачкашките банди и сиромашните крстоносци?
- ... дека најдобро пласирана песна на Македонија на Евровизија е „Нинанајна“ во изведба на Елена Ристеска на 12. место?
- ... дека Бретонскиот јазик станал малцински дури по 1532. година кога Бретања влегла во составот на Франција, и иако постепено бил истиснуван од францускиот, околу 500.000 лица денес зборуваат Бретонски?
- ... дека Хенри Еври (1653-?) е еден од ретките пирати кои пиратската кариера ја завршиле со својот плен, без да биде фатен или убиен, а исчезнал околу 1696?
- ... дека Бакари Сања во иста година е избран за Играч на сезоната, Најдобар десен бек во Франција и Член на Тимот на сезоната на 1. лига?
- ... дека Касапски кучиња, дебитантскиот филм на Квентин Тарантино, прикажува што се случило пред и по еден вооружен грабеж на накит, но не го прикажува и самиот чин на грабежот.
- ... дека витешкиот Малтешки ред бил создаден во 1080., уште пред да започнат крстоносните војни, од страна на бенедиктински свештеници?
- ... дека Бирото за филателија при Македонска пошта годишно издава од 27.000 до 30.000 поштенски марки, на 18 различни теми?
|
|
На денешен ден 21 јуни ... |
Настани:
1818 |
Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
1935 |
Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
1963 |
Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
1990 |
Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
1994 |
Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1994 |
Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
1996 |
Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
Родени:
Починале:
|
|