Џордано Бруно
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џордано Бруно (Нол, 1548 – Рим, 17 февруари 1600) бил италијански философ, типичен претставник на антисхоластичката ренесанса на философијата.
Џордано Бруно ги негирал христијанските догми, сметал дека философијата и теологијата се неспоиви и многу се спротивставувал на христијанското сфаќање на Господ како личност. Создал пантеистичка теорија според која сѐ се состои од вечното движење. Во науката за вселената го отфрлил учењето на Аристотел и на Птоломеј и ја прифатил науката на Коперник. Поради своите слободарски идеи се нашол под удар на инквизицијата која, по седум годишна истрага, на плоштадот Кампо деи Фиори во Рим го спалува.