Тбилиси
Од Википедија, слободна енциклопедија
Tбилиси თბილისი |
|||
|
|||
Локација на Тбилиси во Грузија | |||
Coordinates: | |||
---|---|---|---|
Република | Грузија | ||
Основан | околу 450 | ||
Управување | |||
- Градоначалник | Гиорги (Гиги) Угулава | ||
Површина | |||
- Град | 726 km² (280,3 sq mi) | ||
Надморска височина | 380-770 m (-2.146 ft) | ||
Население (2005) | |||
- Град | 1 093 000 | ||
Часовна зона | GMT (UTC+4) | ||
- Summer (DST) | GMT (UTC) | ||
Веб-место: www.tbilisi.gov.ge |
Тбилиси (на груз. თბილისი, до 1936 г. Тифлис) е главен град на Грузија. Се простира реката Кура и има околу 1 345 000 жители.
Тбилиси е основан бво 458 г. од царот Вахтанг I Горгасали на местото на малечко селце, основано во 4 век. После окупацијата од страна на Персија, арапите и селџуците, во 1122 градот е ослободен од персиска контрола, а во 1801 е освоен од Русија. Во време на владеењето на независна Грузија помеѓу 1918 и 1921 Тбилиси повторно е негов главен град. Во 1921 Грузија повторно е окупирана од Советска Русија и Тбилиси станува центар на Заткавкаската советска федеративна социјалистичка република, а подоцна на Грузиската ССР. Од 9 април 1991 Тбилиси повторно е главен град на независна Грузија.
Содржина |
[уреди] Население и култура
[уреди] Демографија
Тбилиси е мултикултерен град. Во него живеат повеќе од 100 различни етнички групи. Околу 80% се етнички Грузијци, а другите поголеми се Руси, Ерменци, и Азери. А од помалите најзастапени се: Осети, Абхазијци, Украинци, Грци, Евреи, Естонци, Германци, Курди, Асиријанци, и други. Во последните години Турците и Кинезите се населуваат во градот и имаат еден од најголемите порасти во наталитетот.
[уреди] Религија
Повеќе од 85% од жителите на тбилиси го практикуваат христијанството (најдоминантни се припадниците на Грузиската Православна црква]). Руската Православна Црква и Ерменската Апостолска Црква се исто така застапени. Католиците, Лутераните, Баптистите, и други христијани го сочинуваат малцинството. А исто така голем број (околу 8%) го практикуваат исламот (најмногу се Сунити). Јудеизмот е исто така присутен,но само мал дел (околуt 2%) го практикуваат. Тбилиси е исто така познат како град на верска толеранција, во кој има и Цркви,џамии и синагоги.
[уреди] Спорт
Тбилиси има голема спортска историја Како и секоја земја која е блиску до арапскиот свет има големо влијание на боречките спортови. Во 1978, градот имаше околу 250 големи и мали спортски обележја, вклучувајќи 4 затворени и 6 отворени олимписки базени, 185 игралишта и сали за кошарка, 192 терени за одбојка, 82 ракометарски арени, 19 тениски игралишта, 31 фудбалски игралишта, и 5 стадиони. А додека сега најголем стадион е Борис Паичаѕе Стадионот со 55,000 седишта, адодека втор е Михели Месхи стадион со 24,680 седишта. Додека спортската палата во Тбилиси собира околу 11.000 гледачи.
Најпопуларни спортови денес во Тбилиси се фудбал, рагби, кошарка, и борење.
Лого | Клуб | Спорт | Стадион |
---|---|---|---|
ФК Динамо Тбилиси | Фудбал | борис Паичаѕе стадион | |
ФК Локомотив Тбилиси | Фудбал | Михели Месхи стадион | |
ФК Амери Тбилиси | Фудбал | Амери стадион | |
ФК ВИТ Георгиа | Фудбал | БИТ Георгиа стадион | |
КК Динамо Тбилиси | Кошарка | Вере кошаркарска сала | |
КК ТСУ | Кошарка | Вере кошаркарска сала |
[уреди] Mедиуми
Поголрмиот дел ма медиумските компании во Гризија (вклучувајќиги и телевизиите, весниците и радијата)се сместени во во Тбилиси. Градот е дом и на најпозната телевизија Рустави 2 која цекосно ја подржуваше револуцијата на розата.Овој канал и каналот Мзе Тв се во сопственост на познатиот медиумски магнат Руперт Мурдох и неговата компанија. Тбилиси има и голем броја на издавачки куќи.Некои од најпознатите весници и списанија се: 24 Saati (24 часа), Rezonansi (Резонанс, звучност), Alia, дневниот весник на англиски The Messenger, неделникот FINANCIAL, Georgia Today, и на англиски неделникот The Georgian Times. Надвор од градот се најпознатите и највлијателните радиостаници во Тбилиси како: Imedi Radio (105.9FM), Fortuna, и Radio 105, кои имаат и национални концесии.
[уреди] Архитектура
Архитектурата во градо е мешавина од локална (Грузиска), со силни влијанија од винатискиот, еврипскиот и рускиот неокласицизам, и средноисточни архитектонски влијанија. Стариот дел на градот, вклучувајќи го и Абанот-Убани, јасно дава на знаење дека тука преовладува азиската архитектура. Областите о Тбилиси кои се изградени во 19 век (Руставели Авенијата, Дистриктот Вера, итн.) имаат европски и руски неокласичен изглед.
Во 20 век се гледа нови градби од стилот арт-ново. А додека во доцните 20 век градбите се со советски примеси и типични комунистички градби.
Тоа вклучува големи градби, крупни блокови и поголеми пространства. По распадот на СССР и здобивањето на неѕависност почнува Тбилиси да се гради со современи зданија. Во иднина Тбилиси ќе има два облакодерни комплекси.Едниот е кулата Аксис и новата Аџарија Хотел/Бизнис Комплекс (во изградба) кои ќе бидат највисоките згради на Кавказот.
[уреди] Културни објекти
Тбилиси има голем број на згради од особен култиролошки интерес. Зградите на Парламентод и владата како и врховниот суд, се сместени во Тбилиси. Од големо значење на градот се и зградите на државната конзерваторија, државната опера (Paliashvili Opera House), Академскиот театар, Marjanishvili State Academic Theatre, катедралата Самеба, Воронстов палатата(позната и какодетска куќа), многу државни музеи, националната библиотека, националната банка и многу други.Во советско време Тбилиси го заземаше 4 место во СССР по бројот на музеи.
Надвор од градот најпозната е тврдината Нарикала (4-17 век), црквата Арчисхати (6 век), катедралата Сиони (8 век), и др.
[уреди] Географија
[уреди] Локација
Тбилиси е лоциран јужен Кавказ на 41° 43' сев ш и 44° 47' ист д. Градот е сместен во источна Грузија на двете страни од реката Кура. Се простира на надморска висина од 380 до 770 метри и е опколен од три страни со планини. Северно од градот има голем резервоар (попознат какоTбилишко езеро) кој е полн со канали за наводнување.
[уреди] Клима
Климата во Тбилиси се менува од субтропска до релативно блага континентална. Се карактеризира со врнежливи зими и топли лета.
Просечни темератури и врнежи за Tbilisi | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Year |
Record high °C (°F) | 19.5 (67) | 22.4 (72) | 28.7 (84) | 34.3 (94) | 34.9 (95) | 38.7 (102) | 40.0 (104) | 40.3 (105) | 37.9 (100) | 33.3 (92) | 27.2 (81) | 24.0 (75) | 40,3 (105) |
Просечна висока °C (°F) | 6.0 (43) | 7.4 (45) | 12.1 (54) | 18.2 (65) | 23.4 (74) | 27.5 (82) | 30.8 (87) | 30.8 (87) | 26.0 (79) | 19.8 (68) | 12.9 (55) | 7.5 (46) | 18,7 (66) |
Просечна ниска °C (°F) | -2.2 (28) | -0.9 (30) | 2.4 (36) | 7.4 (45) | 12.2 (54) | 15.7 (60) | 19.0 (66) | 18.6 (65) | 14.7 (58) | 9.2 (49) | 4.1 (39) | -0.2 (32) | 8,4 (47) |
Record low °C (°F) | -24.4 (-12) | -14.8 (5) | -12.8 (9) | -4.8 (23) | 1.0 (34) | 6.3 (43) | 9.3 (49) | 8.9 (48) | 0.8 (33) | -6.4 (20) | -7.1 (19) | -20.5 (-5) | -24,4 (-12) |
Врнежи mm (inch) | 19 (0.7) | 26 (1) | 30 (1.2) | 51 (2) | 78 (3.1) | 76 (3) | 45 (1.8) | 48 (1.9) | 36 (1.4) | 38 (1.5) | 30 (1.2) | 21 (0.8) | 498 (19,6) |
Извор: Pogoda.ru.net[1] 8.09.2007 |
[уреди] Личности
- Родени во Тбилиси
- Борис Акунин (р. 1956), писател
- Шота Арвелаѕе (р. 1973), фудбалер
- Каха Бендукиѕе (р. 1956), политичар
- Тигран Петросјан (1929-1984), ерменски шахист
- Михаил Саакашвили (р. 1967), политичар
- Арам Хачатурјан (1903-1978), ерменски композитор
- Починале во Тбилиси
- Важа-Пшавела (1861-1915), поет
- Сулхан Цинцаѕе (1925-1991), композитор
- Други личности, повтзани со Тбилиси
- Фјодор Шалјапин (1873-1938), руски пеач, учел и работел во градот во почетокот на 1890-те
[уреди] Збратимени градови
Збратимени градови на Тбилиси се:
- Саарбрукен, Германија (1975)
- Нант, Франција (1979)
- Инсбрук, Австрија (1982)
- Шаблон:Country data Armenia Ереван, Ерменија
- Атланта, САД (1987)
- Палермо, Италија (1987)
- Билбао, Шпанија (1989)
- Анкара, Турција
- Киев, Украина (1999)
- Шаблон:Country data Kazakhstan Астана, Казакстан (2005)
[уреди] Надворешни врски
- The Messenger, Грузиски дневен весник на ангкиски јазик
- Официјален веб сајт на градот
- Историја ,Географија и Клима во Тбилиси
- Слики од Тбилиси
- Мапи на Тбилиси
- Фото водич на Тбилиси
- Музејот на Историја
- TbilisiThisWeek.com, Градски водич
- Колеџот Макалестер
- Фото галерија на Тбилиси
- http://tbilisi.info/
- Водич на Тбилиси во 1913
|