Рекорди на Арсенал ФК
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа Страна има детален преглед на рекордите на Арсенал ФК.
Содржина |
[уреди] Поединечни рекорди
[уреди] Настапи
- Најмлад играч во првиот тим – Цедск Фабрегас, 16 години 177 дена (против [[Ротерам Јунајтед], Лига Куп, 28 октомври, 2003)
- Најмлад играч во првиот тим на лигашки натпревар – Гери Ворд, 16 години 321 дена (против Хадерсфилд Таун, Прва Дивизија, 22 август 1953)
- Најстар играч во првиот тим – Џок Ратерфорд, 41 година 159 денови (против Манчестер Сити, Прва Дивизија, 20 март, 1926)
[уреди] Најмногу настапи
Само за официјални натпревари, вклучително и натпревари започнати од клупата. Броевите во загради се постигнати голови.
- Сегашен играч со најмногу настапи – Коло Туре, 272, заклучно со 11 февруари 2008
- Најмногу последователни настапи – Tом Паркер, 172 (3 април, 1926 – 26 декември, 1929)
[уреди] Голгетери
- Најмногу голови во една сезона – 44, Тед Дрејк (1934-35)
- Најмногу лигашки голови во една сезона – 42, Тед Дрејк, (1934-35)
- Најмногу голови на еден натпревар – 7, Тед Дрејк (Против Астон Вила, Прва Дивизија, 14 декември, 1935)
- Најмногу голови на еден натпревар на домашен терен – 5, Џек Ламберт (против Шефилд Јунајтед, Прва Дивизија, 24 декември, 1932)
- Најмногу голови на натпревар од ФА Купот – 4, рекордот го делат: Клиф Бастин (против Дарвин ФК, 9 јануари 1932) и Тед Дрејк (против Барнли ФК, 20 февруари 1937)
- Најмногу голови на натпревар од Лига Купот – 4, Жулио Баптиста (против Ливерпул ФК, 9 јануари 2007)
- Најмногу голови на натпревар од европската сцена – 4, Алан Смит (против ФК Австрија Виена, Европски Куп, 18 септември 1991)
- Најбрз гол – 13 секунда, Алан Сандерленд (против Ливерпул ФК, ФА Куп, 28 април, 1980)
- Најмлад стрелец – Цеск Фабрегас, 16 години 212 дена (против Вулверхемптон Вандерерс, Лига Куп, 2 декември, 2003)
- Најмлад стрелец на хет-трик – Џон Радфорд, 17 години 315 дена (против Вулверхемптон Вандерерс, Прва Дивизија, 2 јануари 1965)
[уреди] Најдобри стрелци
Само официјални натпревари. Броевите во загради се настапи.
# | Име | Националност | Лига | ФА Куп | Лига Куп | Европски настапи | Комјунити Шилд | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Тиери Анри | 174 (254) | 7 (24) | 2 (3) | 42 (84) | 1 (4) | 226 (369) | |
2 | Иан Рајт | 128 (221) | 12 (16) | 29 (29) | 15 (21) | 1 (1) | 185 (288) | |
3 | Клиф Бастин | 150 (350) | 26 (42) | 0 (0) | 0 (0) | 2 (4) | 178 (396) | |
4 | Џон Радфорд | 111 (379) | 15 (44) | 12 (34) | 11 (24) | 0 (0) | 149 (481) | |
5 | Тед Дрејк | 124 (168) | 12 (14) | 0 (0) | 0 (0) | 3 (2) | 139 (184) | |
6 | Џими Брејн | 125 (204) | 14 (27) | 0 (0) | 0 (0) | 0 (1) | 139 (232) | |
7 | Даг Лишман | 125 (226) | 10 (17) | 0 (0) | 0 (0) | 2 (1) | 137 (244) | |
8 | Џо Хулм | 107 (333) | 17 (39) | 0 (0) | 0 (0) | 1 (2) | 125 (374) | |
9 | Дејвид Џек | 113 (181) | 10 (25) | 0 (0) | 0 (0) | 1 (2) | 124 (208) | |
10 | Денис Беркамп | 87 (315) | 14 (39) | 8 (16) | 12 (48) | 0 (5) | 121 (423) | |
11 | Рег Луис | 103 (154) | 13 (21) | 0 (0) | 0 (0) | 2 (1) | 118 (176) | |
12 | Алан Смит | 86 (264) | 6 (26) | 16 (38) | 7 (17) | 0 (2) | 115 (347) | |
13 | Џек Ламберт | 98 (143) | 11 (16) | 0 (0) | 0 (0) | 0 (2) | 109 (161) | |
14 | Френк Степлтон | 75 (225) | 15 (32) | 14 (27) | 4 (15) | 0 (1) | 108 (300) | |
15 | Дејвид Херд | 97 (166) | 10 (14) | 0 (0) | 0 (0) | 0 (0) | 107 (180) | |
16 | Џо Бејкер | 93 (144) | 4 (10) | 0 (0) | 3 (2) | 0 (0) | 100 (156) | |
17 | Пол Мерсон | 78 (327) | 4 (31) | 10 (40) | 7 (22) | 0 (3) | 99 (423) | |
18 | Дон Ропер | 88 (297) | 7 (22) | 0 (0) | 0 (0) | 0 (2) | 95 (321) | |
19 | Алан Сандерленд | 55 (206) | 16 (34) | 13 (26) | 7 (14) | 1 (1) | 92 (281) | |
20 | Клиф Холтон | 83 (198) | 5 (18) | 0 (0) | 0 (0) | 0 (1) | 88 (217) |
[уреди] Меѓународни настапи
- Прв играч на Арсенал со меѓународен настап – Цезар Џенкинс (за Велс против Шкотска, 21 март, 1896)
- Прв играч на Арсенал со меѓународен настап за Англија – Џими Ашкрофт (против Северна Ирска, 17 февруари, 1906)
- Играч со најмногу меѓународни настапи, додека играл во клубот – Тиери Анри, 81 настап за Франција додека играше за Арсенал
- Играч со најмногу меѓународни настапи за Англија, додека играл во клубот – Кени Сансом, 77 настапи додека бил играч на Арсенал
- Прв играч на Арсенал кој играл на Светско Првенство – Дејв Боуен и Џек Келси (за Велс против Унгарија, 8 јуни, 1958)
- Прв играч на Арсенал кој играл за Англија на Светско Првенство – Греам Рикс и Кени Сансом (против Франција, 16 јуни, 1982)
- Прв играч на Арсенал кој играл во финале на Светско Првенство – Емануел Пети и Патрик Виера (како замена) (Франција против Бразил, 12 јули, 1998)
[уреди] Клупски рекорди
[уреди] Победи
- Најмногу лигашки победи во една сезона – 29 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1970-71
- Најмалку лигашки победи во една сезона – 3 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13
[уреди] Порази
- Најмногу лигашки порази во една сезона – 23 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13
- Најмалку лигашки порази во една сезона – 0 на 38 натпревари, Премиер Лига, 2003-04
[уреди] Голови
- Најмногу лигашки голови постигнати во една сезона – 127 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1930-31
- Најмалку лигашки голови постигнати во една сезона – 26 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13
- Најмногу лигашки голови примени во една сезона – 86 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1926-27 и 1927-28
- Најмалку лигашки голови примени во една сезона – 17 на 38 натпревари, Премиер Лига, 1998-99
[уреди] Поени
- Најмногу поени во лигашка сезона (2 за победа) – 66 на 42 натпревари, Прва Дивизија, 1930-31
- Најмногу поени во лигашка сезона (3 за победа) – 90 на 38 натпревари, Премиер Лига, 2003-04
- Најмалку поени во лигашка сезона (2 за победа) – 18 на 38 натпревари, Прва Дивизија, 1912-13
- Најмалку поени во лигашка сезона (3 за победа) – 51 на 42 натпревари, Премиер Лига, 1994-95
[уреди] Натпревари
[уреди] „Први“ случки
- Прв натпревар – против Истерн Вандерерс, пријателски, 11 декември, 1886 (победа 6-0)
- Прв натпревар од ФА Купот – против Линдхрст ФК, Прва квалификациона рунда, 5 октомври, 1889 (победа 11-0)
- Прв компетитивен натпревар од ФА Купот – против Дерби Каунти, Прва рунда, 17 јануари, 1891 (пораз 2-1)
- Прв лигашки натпревар – против Њукасл Јунајтед, Втора Дивизија, 2 септември, 1893 (нерешено 2-2)
- Прв Прволигашки натпревар – против Њукасл Јунајтед, 3 септември, 1904 (пораз 3-0)
- Прв натпревар на Хајбери – против Лестер Сити, Втора Дивизија, 16 септември, 1913 (победа 2-1)
- Прв европски натпревар – против Ставенет (Копенхаген XI), Куп на саемски градови, 25 септемвти, 1963 (победа 7-1)
- Прв натпревар од Лига Купот – против Гилингам ФК, 13 септември, 1966 (нерешено 1-1)
- Прв натпревар на Емирати – против Ајакс, пријателски, 22 јули 2006 (победа 2-1)
[уреди] Најголеми победи
- Најголема победа – 26-1 (дома против Париз XI, пријателски, 5 декември 1904)
- Најголема лигашка победа – 12-0 (дома против Лоуборо ФК, Втора Дивизија, 12 март, 1900)
- Најголема победа во ФА Купот – 12-0 (дома против Ешфорд Јунајтед, 14 октомври, 1893)[1]
- Најголема победа во Првата Дивизија – 9-1 (дома против Гримсби Таун, 28 јануари, 1931)
- Најголема победа во Премиер Лигата – 7-0 (двапати; дома против Евертон ФК, 11 мај, 2005 и исто така дома против Мидлзборо ФК, 14 јануари, 2006)
- Најголема победа во Лига Купот – 7-0 (дома против Лидз Јунајтед, 4 септември, 1979)
- Најголема победа на гости и Најголема победа во европско натпреварување – 7-0 (против Стандард Лиеж, Куп на победници на Купови, 3 ноември 1993)
- Најголема победа на Хајбери – 11-1 (против Дарвин ФК, ФА Куп, 9 јануари 1932)
- Најголема победа на Емирати и Најголем домашна победа во европско натпреварување – 7-0 (против Славиа Прага, Лигата на Шампионите, 23 октомври 2007)
- Најголема победа во двомеч (вкупен резултат) – 10-0 (против Стандард Лиеж, Куп на победници на Купови Втора Рунда, 1993-94)
[уреди] Најголеми порази
- Најголем лигашки пораз – 0-8 (гости против Лоуборо ФК, Втора Дивизија, 12 декември, 1896)[2][3]
- Најголем пораз на домашен терен – 0-6 (против Дерби Каунти, ФА Куп, 28 јануари, 1899)
- Најголем пораз во ФА Купот – 0-6 (дома против Дерби Каунти, 28 јануари, 1899 и на гости против Вест Хем Јунајтед, 5 јануари, 1946)
- Најголем пораз во Првата Дивизија – 0-7, четири пати, сите на гости (против Блекбурн Роверс, 2 октомври 1909; против Вест Бромвич Албион, 14 октомври 1922; против Њукасл Јунајтед, 3 октомври 1925; против Вест Хем Јунајтед, 7 март 1927)
- Најголем пораз во Премиер Лигата – 1-6 (гости против Манчестер Јунајтед, 25 февруари, 2001)
- Најголем пораз во Лига Купот – 0-5 (дома против Челзи ФК, 11 ноември, 1998)
- Најголем пораз во европско натпреварување – 2-5 (дома против Спартак Москва, Куп на УЕФА, 29 септември, 1982)
- Најголем пораз на Хајбери – 0-5, двапати (против Худерсфилд Таун, Прва Дивизија, 14 февруари 1925 и против Челзи ФК, Лига Куп, 11 ноември, 1998)
- Најголем пораз на Емирати – 0-1 (против Вест Хем Јунајтед, Премиер Лига, 7 април 2007)
- Најголем пораз во двомеч (вкупен резултат) – 1-6 (против Вест Хем Јунајтед, ФА Куп Трета Рунда, 1945-46)
[уреди] Најголем нерешен резултат
[уреди] Серии
[уреди] Победи
- Најмногу последователни победи (во сите конкуренции) – 14 (12 септември – 11ноември 1987)
- Најмногу последователни победи (само во лигата) – 14 (10 февруари – 18 август 2002)
[уреди] Нерешени
- Најмногу последователни нерешени натпревари (и во сите конкуренции и само во лигата) – 6 (3 март – 1 април 1961)
[уреди] Порази
- Најмногу последователни порази (во сите конкуренции) – 8 (12 февруари – 12 март 1977)
- Најмногу последователни порази (само во лигата) – 7 (12 февруари – 12 март 1977)
[уреди] Непоразени
- Најмногу последователни натпревари без пораз (во сите конкуренции) – 28 (9 април, 2007 – 24 ноември 2007)
- Најмногу последователни натпревари без пораз (само во лигата) – 49 (7 мај 2003 – 16 октомври 2004) - Национален рекорд
[уреди] Посетеност
Се важат само официјални натпревари на првиот тим.
- Најголема посетеност дома – 73,707 (против Ленс, Лигата на Шампионите, 25 ноември, 1998) на Вембли, каде што Арсенал ги играше своите домашни натпревари во Европа во 1998 и 1999.
- Најголема посетеност на Хајбери – 73,295 (против Сандерленд ФК, Прва Дивизија, 9 март, 1935)
- Најмала посетеност на Хајбери – 4,554 (против Лидз Јунајтед, Прва Дивизија, 5 мај, 1966)
- Најголема посетеност на Емирати – 60,161 (против Манчестер Јунајтед, Премиер Лига, 3 ноември, 2007)
- Најмала посетеност на Емирати – 53,136 (против Тотенхем Хотспур, Лига Куп, 9 јануари 2008)
[уреди] Национални рекорди
Арсенал држат многу Фудбалски ркорди, вклучувакќи:
- Најмногу последователни сезони во највисока лига – 80 (рекордот важи од 1919 , Иако не се играл лигашки фудбал од 1939 до 1946)
- Најдолга серија без пораз во највисоката лига – 49 (7 мај, 2003 – 16 октомври, 2004)
- Овој рекорд ја опфаќа сезоната 2003-04 без пораз во лигата (38 натпревари)
- Најдолга серија без пораз на гости – 27 (5 април, 2003 – 25 септември, 2004)
- Најмногу последователни лигашки натпревари со постигнат гол – 55 (19 мај, 2001 – 30 ноември, 2002)
- Најмногу последователни лигашки натпревари на гости со постигнат гол – 27 (19 мај, 2001 – 23 ноември, 2002)
- Најмногу последователни гостински победи во Премиер лигашка сезона – 8 (23 јануари, 2002 – 8 мај, 2002)
- Најмногу играчи од еден тим во англискиот национален состав стартери – 7 (14 ноември, 1934 против Италија – така наречената "Битка на Хајбери")
- Најмлад играч кој настапил за Англија – Тео Волкот, 17 години 75 дена (30 мај, 2006, Англија против Унгарија)
- Најголема посетеност на лигашки натпревар – 83,260 (Манчестер Јунајтед против Арсенал, на Мејн Роуд, Прва Дивизија, 17 јануари 1948)
[уреди] Континентални рекорди
Арсенал има и рекорди во европски фудбал:
- Најголема победа на гостински клуб на Џузепе Меаца – 5-1 (против Интер Милано, Лигата на Шампионите, 26 ноември 2003)
- Прв и единствен британски клуб кој го победил Реал Мадрид на Сантиаго Бернабе – 1-0 (Лигата на Шампионите втора рунда прв натпревар, 21 февруари, 2006)
- Прв и единствен британски клуб кој го победил АК Милан на Сан Сиро(Џузепе Меаца) – 2-0 (Лигата на Шампионите втора рунда втор натпревар, 04 март, 2008)
- Најмногу последователни натпревари во Лигата на Шампионите без примен гол – 10 (од 18 октомври, 2005 до 26 април, 2006)
- Прв лондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампионите – во 2006
- Арсенал се исто така и прв тим кој играл во Лигата на Шампионите со 11 играчи од различна националност истовремено, во нивната победа од 2-1 против Хамбургер СВ на 13 септември 2006. Тимот на Арсенал, по замената на Коло Туре во 28 минута, беше:
- Јенс Леман (Германија), Емануел Ебуе (Брегот на Слонова Коска), Јохан Џуру (Швајцарија), Џастин Хојт (Англија), Вилиам Галас (Франција), Томас Росицки (Чешка), Жилберто Силва (Бразил), Цеск Фабрегас (Шпанија), Александар Хлеб (Белорусија), Емануел Адебајор (Tого), Робин ван Перси (Холандија).[4]
[уреди] Белешки
- ↑ Арсенал го победил Лејтон Ориент ФК со 15-2 на натпревар за време на војната на 8 февруари, 1941, но ова не се важи како официјален натпревар.
- ↑ Невообичаено но Арсенал биле приморани да играат два натпревари во ист ден 12 декември 1896; додека првиот тим играл против Лејтон ФК во ФА Купот, резервите играле против Лоуборо во Лигата, тоа е причината за толку тешкиот пораз.
- ↑ Арсенал загубиле 9-0 од Челзи ФК за време на војната на 21 април, 1916, но ова не се важи како официјален натпревар.
- ↑ "Светските Топчии спремни за место во историјата", Daily Telegraph, 2006-09-15. Пристапено на 2006-12-24.
[уреди] Извори
- Soar, Phil & Tyler, Martin (2005). The Official Illustrated History of Arsenal. Hamlyn. ISBN 0-600-61344-5.
- „Club Records“. Arsenal.com.
- „Arsenal statistics“. Arseweb.