13 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
13 септември е 256-иот ден во годината според григоријанскиот календар (257-и во престапна година). Остануваат 109 денови до крајот на годината.
Настани:
1924 | Во Софија терористот Владо Черноземски го убил Димо Хаџи Димов, еден од најпознатите идеолози и теоретичари на автентичното македонско национално-ослободително движење. Беше учесник во борбата кај Баница, на 4.05.1903 година кога животот го загуби апостолот на македонското национално-ослободително движење Гоце Делчев. По поразот на Илинденското востание застана на страната на прогресивната левица на ТМОРО, а во времето на Младотурската револуција разви активна идеолошка дејност и беше еден од иницијаторите за создавање на Народната федеративна партија на чело со Јане Сандански. Роден е во селото Горно Броди, Егејска Македонија, на 20.10.1875 година. |
1924 | Во Софија е убиен Владислав Ковачев, популарен Штипски војвода и публицист, уредник на весникот „Автономна Македонија“ и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација |
1995 | Република Македонија и САД воспоставиле дипломатски односи. |
1995 | Во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада врз Македонија, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина. |
Починале:
1989 | Стеријо Спасе, македонски писател од Албанија. Роден бил во селото Глобочица, во 1914 година. |
1993 | Јон Исаја, претставник на најстарата генерација македонски артисти. Роден бил во Тетово, 1915 година. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |