Отворено Тениско Првенство на Франција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Tournoi de Roland-Garros (Ролан Гарос) |
||
---|---|---|
Гренд Слем | ||
Локација | Париз Франција |
|
Подлога | земја / отворено | |
Учесници (мажи) | 128 п / 128 кв. / 64 дв. | |
Учесници (жени) | 128 п / 96 кв. / 64 дв. | |
Награда | €15,264,500 | |
Официјална веб-страна | ||
Гренд Слем Турнири | ||
|
Tournoi de Roland-Garros (Ролан Гарос), познат и како Отворено Тениско Првенство на Франција, е голем тениски турнир кој се оддржува во текот на две недели меѓу средината на мај и почетокот на јуни во Париз, Франција, на стадионот Ролан Гарос. Тој е втор во низата на Гренд Слем турнирите во годишниот тениски календар и најважниот тениски турнир на земјена подлога во светот. Обично се смета и за втор најзначаен тениски турнир воопшто, веднаш зад неофицијалното светско тениско првенство - Вимблдон, [1] иако во однос на посетеноста и телевизиските преноси е водечки[2] [3]. Поради бавната подлога и мечевите од пет сета во машка конкуренција, без тај-брејк во последниот сет, Ролан Гарос се смета за физички најисцрпувачкиот тениски турнир во светот [4].
[уреди] Белешки
- ↑ Клари, Кристофер. „Промената е неопходна за да се избегне изумирање: Вимблдон: најсаканиот светски диносаурус“. International Herald Tribune.
- ↑ „Ден 15 - прес конференција со управата на турнирот“. rolandgarros.com.
- ↑ „Ролан Гарос: настан отворен во текот на целата година. Телевизиска покриеност“. ftt.fr.
- ↑ Клари, Кристофер. „Во годината за промени на Ролан Гарос, победниците може да останат исти“. International Herald Tribune.
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страна
- Ролан Гарос на France2 (француски)
- Ролан Гарос на ina.fr : повеќе од 600 часа со аудио/видео архива (француски)
- Сателитска слика на околината (Google Maps)
- Фотографии од Ролан Гарос
Претходник: Австралијан Опен |
Гренд Слем турнир мај-јуни |
Наследник: Вимблдон |