Медицина
Од Википедија, слободна енциклопедија
Медицината (од лат. medicinus, она што се однесува на лекови или лечење) или лекарство е наука или вештина ("уметност") во лечењето на болестите и одржување на здравјето, односно во потесна смисла (за разлика од хирургијата) лечење на болестите со користење на лекови.
Почетоците на медицината се многу стари. Најраните пишани документи за првиот познат "лекар" се најдени во Месопотамија (отприлика 3000 год. п.н.е.). На почетокот, медицината била смеса од емпиризмот, суеверието и разни теории и хипотези, иако некои познати стари лекари (како Хипократ) покажувале големо критичко мислење и расудување за работите. Постепено, медицината се поставувала на солидни научни основи, служејќи се притоа со сите егзактни науки (физика, хемија, математика, статистика и сл.) како помошни средства. Во XIX и особено во XX век, медицината постигнала голем напредок и нејзината многунасочна природа се угледувала во многубројните нејзини области, кои се однесувале не само на лечење на болестите, туку и на нивното спречување (кјуративна и превентивна медицина), и тоа не само кај луѓето, туку и кај животните (ветеринарна медицина).
[уреди] Гранки на медицината
Според заболувањата, видот на боледувачот, предметот кој се обработува и сл., можат да се разликуваат следните најважни гранки на хуманата медицина:
- Интерна медицина — испитување и лечење на внатрешните болести
- Хирургија — оперативно лечење
- Психијатрија — душевно (психичко) лечење
- Судска медицина — форензична медицина, се занимава со медицинско-правните односи
- Психосоматска медицина — ја истражува врската помеѓу заболениот орган во телото и чувствителните фактори
- Социјална медицина — ги испитува и адекватно ги третира општествените фактори важни за разбивање и спречување на заболувањата
- Педијатрија — детска медицина
- Геријатрија — медицина за возрасни личности
- Воздухопловна медицина
- Спортска медицина и други дисциплини.
[уреди] Видете исто така
- Лек
- Болест
- Гастроентерологија
- Стоматологија
- Фармакологија
- Оториноларингологија
- Дерматологија
- Венерологија
- Патологија
- Пулмологија
- Кардиологија
- Нефрологија
- Неврологија
- Ортопедија
- Онкологија
- Офталмологија
- Ревматологија
- Ендокринологија
- Хематологија