Западна Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Западна Македонија е регионот западно од планинскиот масив Јакупица (Солунска Глава), западно од Раечка Река и Селечка Планина сè до границите со Република Албанија на запад, дел од границата со Република Грција на југ и делот на границата со Република Србија во пределот на Косово на север. Западна Македонија се одликува со посебни културни, јазично-дијалектички и историски особини. Карактеристична област во овој дел од земјата е Реканскиот регион (наречен и само Река).
Многу често овој термин се користи само за регионите на Тетово, Гостивар и Дебар односно на краиштата претежно населени со Албанци, што е погрешно бидејќи во Западна Македонија (покрај тие 3 региони) ѝ припаѓаат и следниве градови и нивните околини: Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Крушево, Ресен, Македонски Брод, Демир Хисар.
Иако географски гледано денес на картата на Република Македонија градот Прилеп изгледа дека е на средишниот дел сепак ако се гледа картата на етничка Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија пред поделбата во 1913) тој ги има етно-географските карактеристики на западен македонски град.