Боже, благослови го Унгарецот
Од Википедија, слободна енциклопедија
"Химна" — песната која започнува со Isten, áldd meg a magyart слушни (Боже, благослови го Унгарецот) — е официјалната национална химна на Унгарија. За таква е прифатена во 1844 година, по што традиционално, првата строфа се пее на официјалните церемонии. Текстот е напишан од Ференц Келчеи, еден од најпознатите унгарски поети, во 1823, а музиката која денес се смета за официјална е додадена од романтичарскиот композитор Ференц Еркел. Исто така, постојат и низа други помалку познати верзии на мелодијата. Првобитното нејзино име е "Hymnus, a magyar nép zivataros századaiból" (Химна, од бурните векови на унгарската нација). Иако може да се сретне и ова име, денес, тоа ретко се користи. Често се вели дека поднасловот бил своевремено додаден со цел да се избрише јасната поврзаност на песната со сегашност за да може да се избегне австриската цензура.
Песната со име "Szózat" (Проглас), која е напишана од Михај Верешмарти и која започнува со зборовите Hazádnak rendületlenül légy híve, óh magyar (На родината непоколебливо / биди ѝ предан, о Унгарецу) ужива речиси еднаква социјална популарност и прифатеност како и "Himnusz", без разлика на тоа што само "Himnusz" е спомната во унгарскиот устав. Всушност, традиционално, „Himnusz“ се пее на почетокот на церемониите, а „Szózat“ на крајот.
Признание му е оддадено и на Rákóczi March, кратко инструментално дело од непознат композитор, кое се свири во воени погоди, како и на песната Nemzeti dal напишана од Шандор Петефи.
Официјалната радио станица Радио Кошут ја свири Himnusz секој ден десет минути по полноќ, а истото го прават и телевизиските канали по завршувањето на нивната дневна програма.
[уреди] Текст
Текстот на унгарската химна е чуден, гледан од аспект на останатите песни од овој карактер, бидејќи таа е претставена како молба кон Бога, а не како поема што ќе ја велича националната гордост. Токму поради спомнувањето на Бог во песната, таа само се свири, но е забрането да се пее за време на најстрогата комунистичка власт во Унгарија (1949–1956) (дури и секретарот на партијата Матијас Ракоши ќе му рече на композиторот Золтан Кодали да напише нова национална химна, но Кодали одбива, по што Ракоши се откажува од својата замисла.) По неуспехот на унгарската револуција, Јанош Кадар ќе се обиде да издејствува промена на химната - од Himnusz во Szózat, но нема да успее до крај да ја истурка својата идеја.
HIMNUSZ
|
ХИМНА
|
[уреди] Скулптурата Himnusz
На 7 мај 2006, поставена е скулптурата Himnusz на плоштадот во Будакежи, селото кадешто е роден Ференц Еркел, композиторот на музиката на унгарската химна. Таа го прикажува целокупниот текст на поемата во кружна форма, центриран околу две метри високата фигура на Бог, со 21 бронзено ѕвоно распределено на седум арки, направени од осум камени столбови, секој од нив со висина од четири и пол метри. Музичката содржина на делото може да се исвири на ѕвоната. Парите - 40 милиони форинти (грубо 200,000 долари [1]), биле собрани од јавната претплата.
[уреди] Надворешни врски
- AU звучен фајл
- MP3 звучен фајл
- MIDI фајл
- Нотни записи: [2] [3] [4] [5]