Абрахам Ортелиус
Од Википедија, слободна енциклопедија
Абрахам Ортелиус(Абрахам Ортелс)(2 април 1527-28 јуни 1598) бил картограф и географ,а светски е познат како прв којшто го изработил модерниот атлас.
Содржина |
[уреди] Биографија
Абрахам Ортелиус е роден во Антверпен,денешна Белгија како член на влијателното семејство Ортелиус од Аусбург.Патувал низ цела Европа.Најзначајни се неговите патувања низ Германија(1560,1575-1576),низ Франција(1559-1560),низ Англија и Ирска(1576) и низ Италија(1578,но можеби и претходно два пати во 1550 и 1558).За него се смета дека има патувано целосно миз Седумнаесет провинции.
Со картографија Ортелиус започнал да се занимава во 1547 година,но тој бил и голем трговец и занаетчија,а за неговите патувања пред 1560 се смета дека се од комерцијален аспект.На едно патување со Жерардус Меркатор во Триер,Лорен и Поитиер на сугестија на својот пријател Ортелиус добил желба да се занимава со географија и особено со картографија,па го изработил првиот модерен атлас Театар на светот со којшто има добиено светска слава.
Во 1575 тој бил географ на должност на шпанскиот крал Филип II на препорака на Ариас Монтанус.Во 1578 година тој го водел проектот за развој на географијата врз основа на онаа во антиката.Со оваа работа се занимавал и во 1587 и 1596 година ,а творец е и на неколку дела кои биле отпечатени во Антверпен.
[уреди] Географски карти
Во 1564 Абрахам Ортелиус го завршил проектот мапи на светот што всушност се 8 посебни географски карти на светот,коишто се сретнуваат и во Театар на светот.Денес значајни копии од овие географски карти има во Базелскиот универзитет.Во 1565 Ортелиус нацртал и 2 листа со географски карти на Египет,во 1568 направил план на дворецот Бритенбург на брегот на Северно Море во Холандија.Во 1567 година нацртал и 8 географски карти на Азија и 6 географски карти на Шпанија.Сите овие карти Ортелиус ги има нацртано пред издавањето на неговиот атлас.
[уреди] Театар на светот
На 20 мај 1570 во Антверпен Жил Копонс де Дие го издал атласот изработен од Абрахам Ортелиус Театар на светот(оригинал:Theatrum Orbis Terrarum).Во атласот биле претставени 53 географски карти.Изданијата на холандски,француски и германски јазик се појавиле уште пред крајот на 1572, а пред смртта на Ортелиус во 1598 биле издадени 25 изданија.По неговата смрт биле издадени уште неколку,а атласот се побарувал до 1612 година.Атласот имал грешки коишто особено биле очигледни во обликот на Јужна Америка којшто ни најмалце не наликувал на вистинскиот,но тоа и уште неколку други грешки биле поправени во ревидираното издание на француски јазик од 1587.Пробната верзија на атласот содржела 38 карти на државите во Европа,како и на Азија,Африка,Тартарија и Египет прибрани во една целина од кои најмногу се испечатени во Рим,а 8 или 9 се во Белгија.За нивното печатење Абрахам Ортелиус добил помош од својот пријател Жил Хоофтман,лорд на Клејдел и Ертзелер.
Во 1573 година Ортелиус издал 17 посебни карти и ги прикажал како Додатоци на театарот на светот.Последната географска карта на Абрахам Ортелиус којашто е вметната како додаток е издадена во 1597.
Тој се занимавал и со собирање на монети,медалјони и антиквитети.
[уреди] Подоцнежни географски карти
Во 1579 тој започнал да црта карти со илустрации од античката историја.Во 1589 Ортелиус издал карти на Тихиот Океан во делото Тихи Океан(оригинал:Maris Pacifici).Тој му помогнал и на Веслер во издавањето на Пеутингерската страна(оригинал:Tabula Peutingeriana) во 1598 година.