Третјаковска галерија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Државната Третјаковска галерија (рус. Государственная Третьяковская Галерея, ГТГ), во Москва, Русија, е најзначајната ризница на руска фина уметност во светот.
Историјата галеријата започнува во 1856 кога московскиот трговец Павел Михајлович Третјаков (1832-98) набавил дела од руски уметници во неговото време со цел за создавање на збирка, која подоцна би прераснала во музеј на национална уметност. Во 1892, Третјаков ѝ ја подарил неговата веќе прочуена збирка на руската нација.
Фасадата на објектот е дело на сликарот Виктор Васнецов во необичен стил на руските сказни. Изграден е во периодот 1902-04 јужно од Московскиот кремљ. За време на XX век, галеријата се проширила во неколку соседни згради, меѓу кои и црквата Св. Никола во Толмачи (XVII век).
Збирката содржи повеќе од 130,000 поставки, од владимирската икона на Богородица и Троица од Андреј Рублев, па сѐ до монументалната Композиција VII од Василиј Кандински и Црн квадрат од Казимир Малевич. Во 1977 галеријата држела голем дел од збирката збирката на Георгиј Костаки.
[уреди] Галерија на современа уметност
Во 1985, Третјаковската галерија административно се спола со галерија на современа уметност, сместена во голема современа зграда долж Градинскиот прстен, веднаш јужно од Кримскиот мост Петар Велики од Зураб Церетели, една од највисоките статуи на светот.
. На теренот на оваа гранка на музејот се наоѓа збирка на соцреалистичка склуптури, во која спаѓаат и маркантни дела како легендарната статуа на „Железниот Феликс“ од Евгениј Вучетич (која била преместена од Лубјанскиот плоштад во 1991), статуата „Ковај!“ со работник како кова меч, и споменикот „Млада Русија“. Близу се наоѓа и 86-метарската статуа на[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Третјаковската галерија (англиски) (руски)
- Ремек-дела на Третјаковската галерија (англиски)
- Икони од збирката на Третјаковската галерија (англиски)
- Посета на Третјаковската галерија - корисни информации како часови на работа и контакти (англиски)