Систем за варење
Од Википедија, слободна енциклопедија
Системот за варење (или дигестија) кај цицачите, е органски систем приспособен за:
- Механичка и хемиска обработка на храната
- Ресорпција на храната во крвните садови
- Отстранување на несварените (недигерирани) остатоци од храната.
[уреди] Механичка и хемиска обработка на храната
Механичката обработка на храната се врши во усната празнина, со помош на забите и плунката, која служи за навлажнување на храната, со што се олеснува:
- Џвакањето (мастикацијата) на храната
- Формирањето на залакот (болусот) и
- Голтањето на храната (деглутацијата).
Хемиската обработка на храната го подразбира дејството на ензимите во најразлични делови од системот за варење, како на пример во желудникот, малото црево итн.
[уреди] Ресорпција на храната
Ресорпција претставува процес на преминување на дигерираните молекули од храната во циркулаторниот систем. Најголем дел од ресорпцијата се одвива во цревата, а помалку во усната празнина (каде се ресорбира само медикаментот нитроглицерин) и во желудникот (каде се ресорбираат готварската сол, некои витамини, јони на железото, алкохол и голем процент вода).
[уреди] Отстранување на несварената храна (дефекација)
Цревната микрофлора при разградувањето на несварените состојки од храната, ослободува многу гасови (јаглероден диоксид, сулфур, водород, метан, азот) и токсични материи, како амонијак скатол итн. Овие материи, заедно со остатокот од несварената храна, цревните микроорганизми и нивните секрети го формираат фецесот. Овој материјал се отстранува од организмот со активноста на мазните и напречно-пругавите мускули со процесот наречен дефекација.