Web - Amazon

We provide Linux to the World

ON AMAZON:


We support WINRAR [What is this] - [Download .exe file(s) for Windows]

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
SITEMAP
Audiobooks by Valerio Di Stefano: Single Download - Complete Download [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Alphabetical Download  [TAR] [WIM] [ZIP] [RAR] - Download Instructions

Make a donation: IBAN: IT36M0708677020000000008016 - BIC/SWIFT:  ICRAITRRU60 - VALERIO DI STEFANO or
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Радиовце - Википедија

Радиовце

Од Википедија, слободна енциклопедија

Села во Република Македонија
Радиовце (Република Македонија)
Радиовце
Радиовце
Општина: Општина Брвеница
Население: 1049 жители
Поштенски број: 1200
Повикувачки број:  
Надморска височина: 590 m
Географска широчина: 41° 54' 24" сев. ш.
Географска должина: 20° 57' 47" ист. д.
Веб-место: www.radiovce.blog.com.mk
Црквата св. Атанасиј во село Радиовце
Црквата св. Атанасиј во село Радиовце
Знамето на Радиовце
Знамето на Радиовце
Грбот на Радиовце
Грбот на Радиовце

Радиовце е село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Селото Радиовце е едно од помладите села на општина Брвеница но доста важно за општествениот живот на околните села. Во Радиовце функционира Месната заедница, доста важна за селаните. Радиовце е пример за сожителство во една мултикултурна средина и село со побрз развој за подобар живот на своите граѓани. Самото село е поделено на маала меѓу кои Горно, Средно и Долно маало, Збирало, Ваков, Беверли Хилс, Кориќанско и Шипско маало.


Содржина

[уреди] Географиja и местоположба

Поглед на селото од ридот Горица
Поглед на селото од ридот Горица

Радиовце е едно од ретките села во општина Брвеница кое целосно се простира во рамницата. Селото лежи на две реки: Вардар и Боговињска река. Овие две реки имаат голема важност за населението на село Радиовце како за земјоделските потреби така и за риболовот кој е застапен во не многу големи размери. Поради двете реки кои го опфаќаат село Радиовце, почвата е доста плодна и погодна за поголем број култури како што се: пченка, пченица, познатиот тетовски грав, репка, `рж и сите градинарски култури кои успешно се одгледуваат на тоа тло со векови. Исто така од голема важност има и планината Горица што се простира веднаш до ова село. Таа игра важна улога, не само за ова село, туку и за сите села во дрвната индустрија и е важен извор на огревен материјал и извор за дрвен материјал користен во локалните фабрики. Спојот на реката Вардар и планината Горица му даваат на селото Радиовце одлична местоположба што дава и големи бенефити. Исто така важно е да се напомене дека еден од главните регионални патишта што ги поврзуваат Тетово и Гостивар поминува низ Радиовце. Согледувајќи го тој факт, Радиовце е исто така важна транзитна точка на регионалните патишта на Полошката котлина.

[уреди] Историja

Главна статија: Историја на Радиовце.

Кон крајот на 19 век Радиовце е во склоп на Тетовскиот округ во склоп на Отоманската Империја. Во 1900 година живеле околу 140 жители од кој повеќето било христијанско македонско население. Во тоа време луѓето биле организирани и се држеле заедно под дејство на македонската црква која им била духовен лидер. По Отоманската империја, како и целата Македонија, така и Радиовце подпаѓа под српска окупација со поделбата на Македонија во 1913 година во Букурешт. По Првата и Втората Светска војна Радиовце и Македонија влегуваат во составот на Кралство на Срби, Хрвати и Словенци а подоцна во Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По распадот на СФРЈ, Радиовце и Македонија ја искусија независноста и функционираат како независна едника во рамките на Балканскиот полуостров и со стремежи за влез во најпожелуваното членство во НАТО а потоа и во ЕУ.

[уреди] Етимологија на името Радиовце

Приказната за добивање на името Радиовце е доста позната на сите жители на Радиовце па и околината. Имено додека не било населено местото, на самото место имало големи пасишта и најчесто доаѓале овчари од околните места. Меѓу нив дошол еден овчар кој си направил скромен дом на пасиштето и тука престојувал и во зима и лето. Тоа било малку чудно за жителите на околните места па често го прашувале зошто седи тука кога нема никој друг. Овчарот едноставно одговарал: `Ради овце` (Поради овците- на тетовски дијалект. Така останало името за неселеното место кое малку подоцна се развило.

Според некоја друга легенда која е помалку веројатна, се смета дека луѓето се населиле од планините поради „рад и овце“, односно работа и овци. Инаку името понекогаш се споменува и како Радиовци.

Луѓето од Радиовце се попоѕнати како Ракари, поради тоа што порано во тој дел на Вардар имало иѕобилство на речни ракови, кои сега ѕа жал се потполно истребени.

[уреди] Демографија

Според пописот од 2002 година селото има 1.049 жители.

Населението во Радиовце е од мешан карактер. Во него живеат Македонци со 346 жители, Албанци со 691 жител и мал број останати. Историски гледано населението во Радиовце одсекогаш било со мешан етнички состав. Исто така историски гледано, населението во село Радиовце е дојдено од повеќе маста на Македонија, најчесто од околните села во Полошкиот регион како што се Градец, Лисец, Жеровјане, Стримница. Поголем број на жители дошле и од Поречието и околните Поречки села. Кај албанското население се забележува доселување од селата Гургурница и Корита и мал дел од селото Чегране.

Мал број од жителите на Радиовце се од други националности, како Срби, Роми и др.

[уреди] Иселеништво

Иселеничкиот бран во Радиовце се забележува во текот на 60 и 70-те каде многумина мигрираат во Скопје и Тетово, а огромен број и во соседна Србија.Мал број се иселени во САД, а околу 3 семејства во Германија. Во последно време е забележано кај кланот Аврамовски,кое ги има во Тетово,Скопје,Франција,Србија,Австрија и последниот од таа (една од најстарите фамилии) кој се одсели во Германија во 2006.

Кај Албанското население забележуваме иселувања во последните 10 години, кои претежно заминуваат во Германија и Швајцарија, а огромен број се во бившите Југословенски земји (Словенија,Хрватска и БиХ).

Интересно е да се напомене дека и покрај иселувањата во 80-те имаме и масовни доселувања. Така од Поречието пристигнуваат 30 фамилии кои се населуваат на црквиното место „Ваков„,а од 2000 па наваму почнуваат да се населуваат и албански фамилии, кои доаѓаат претежно од сувогорските планински села Гургурница и Корита.

[уреди] Општествени институции

Видете Црква "Св. Атанасиј" - Радиовце

Во селото Радиовце се наоѓа Месната заедница за селата Радиовце, Волковија, Теново, Стенче и Гургурница. Таа месна заедница функционира во рамките на општина Брвеница како подрачна единица за сите села горе споменати. Фукционирањето на Месната заедница во селото Радиовце е од важен карактер за околината. Имено, тука се заверуваат сите бракови од сите села, се верификуваат сите смртни случаеви, се издаваат уверенија и слични државни документи.

Во село Радиовце многу добро финционира и црквата св. Атанасиј Таа е игра важна улога во животот на православното население и центар за сите културни збиднувања на православното население на Радиовце. Од особена важност е да се напомене одбележувањето на патрониот празник на црквата Свети Атанасиј, што се одржува секоја година на 31 јануари. Исто така во дворот на црквата се одржуваат собирања на населението за време на празниците Божиќ, Велигден. Бадник и Св. Василиј- Василица. Исто така во рамките на село Радиовце важна улога игра и џамијата во село Радиовце. Таа е клучна за културниот и општествениот живот на муслиманското население на село Радиовце. Исто така во рамките на џамијата има и Библиотека која располага со поголем број на верски материјали потребни за секојдневниот живот на муслимаското население во село Радиовце.

[уреди] Администрација и политика

Во рамките на селото Радиовце успешно функционираат неколку институции како што се Месната Заедница на општина Брвеница, Основното училиште кое е под надзор на Централното училиште `Гоце Делчев` во село Стенче, црквата `Св. Атанасиј`, Џамијата во Радиовце и исто така добро функционира претпријатието `Водовод`.

Месната заедница е централна за околните села Радиовце, Теново, Стенче, Волковија, и Гургурница. Во неа се обавуваат сите повитални општествени обврска како што се издавање потврди, заверување на венчавки, смртни случаеви и слични работи. Основното училиште до пред година и пола беше под склоп на централното училиште во село Жеровјане. Со новите измени тоа е сега под Централното училиште `Гоце Делчев` во с. Стенче. Ова училиште го посетуваат околу 50 или повеќе ученици а раководени од 4 наставници, двајца од македонска настава и двајца од албанската настава. Училиштето е реновирано во 1995 година и одлично функционира.

Црквата `Св. Атанасиј` е важен религиозен храм за православните жители на Радиовце. Таа финционира во склоп на Македонската Православна Црква и поп е отец Ненад кој е задолжен и за околните цркви што се во склоп на Милетската парохија.

Џамијата во село Радиовце ито така има важен удел врз населението со муслиманска вероисповед. Таа е културен и религиозен центар на муслиманското население и во рамките на џамијата фунционира Библиотека неопходна за секојдневните потреби на неселението.

Како и целата политичка ситуација во Македонија, така и во село Радиовце, населението е поделено на повеќе политички опции. Највлијателни во овој момент се владеачките партии ДПА и ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. На минатите парламентарни избори гласовите беа доста блиски и со тесни победи се издвоија ДПА и ВМРО-ДПМНЕ. Исто така не треба да се заборави дека има и симпатизери и членови на други политички партии како ЛДП, ПДП и ДА.

[уреди] Карактеристики и културно-природни знаменитости

Традиционална женска народна носија во селото
Традиционална женска народна носија во селото

Традиционалната носија во селото Радиовце се разликува од останатите во поглед на нивната декорација. Таа е карактеристична со црниот пластичен вез на бела основа и има своја специфична орнаментика. Боја која претежно преовладува е темно-црвената. Постојата повеќе видови на женска носија како невестинска, за вдовици, секојдневна и празнична. Додека пак кај мажите носијата е скоро иста.

Со самит тек на годините и заборавот на традиција, во селото исчезнува и дел од традиционалните обичаи и некои посебни културни карактеристики.

Како голема благодарност од страна на тогашна СРМ, за големиот удел на населението во втората светска војна, во селото се подигнува еден паметник. тој се наоѓа во кругот на фабриката, во самиот центар на селото т.н. Збирало.

Поради самата географска положба во селото во средишниот дел на полог, нема апсолутно никакви археолошки наоѓалишта, како што има кај соседните села Стенче, Челопек и Блаце.Но затоа се смета дека некаде на падините на планината Горица се пронајдени темели на стара црква. Самата селска црква Св.Атанасиј е своевиден културен споменик, која не изградена на крајот на 19 век на стари црквени темели.

Своевидна атракција може да се рече дека е и планината Горица, која всушност е крак на Сува Гора.Висината е околу 400 метри и на неа се наоѓаат 2 високи предаватели на македонските телекомуникациски компании.До половината води еден прекрасен широк пат до месноста Лединче кое е свето место ѕа православното население, а потоа имаме неколку козји и ловечки патеки кои водат до самиот врв.Од тука се гледа целиот Полог,од Гостивар, па до Долнополошките села.

Освен големата брана која се наоѓа реката, тука има и мини фарма на контроверзниот бизнисмен од селото г-нот Малиќ, која повеќе ја врши должноста на мини ЗОО. Тука можат да се видат птици,говеда па дури и ноеви. Малечката река Богошница која минува низ центарот покрај црквата прави своевиден мини парк.Со своите 2 притоки го хранат можеби најстарото дрво во околината т.н Јасенот, кој се ездига во срцето на селото.

[уреди] Редовни настани

Како редовни настани што се одржуваат во село Радиовце се изделуваат прославувањето на празникот на црквата `Св. Атанасиј` на 31 јануари. Тој празник се одбележува со спремување на ручек и пристојна забава за помалдите припадници на православната религија. Тој празник се одбележува со спремување на ручек и пристојна забава за помалдите припадници на православната религија. Посебна приказна за себе е прославата на св. Василиј на 14 јануари или попозната како Василица.Тогаш децата се облекуваат во различни маски и така одејќи од куќа во куќа и пеејќи ја василичарската „Трака трака„ собираат подароци.Исто така и девојчињата имаат т.н. свој ден.Тие пак на Лазаревата Сабота или Лазарици се облекуваат свечено(најчесто невести)и одејќи и пеејќи од куќа во куќа, накитени со цвеќиња ја наговестуваат пролетта и воскреснувањето на Исус Христос. Интересно е и да се напомене дека со самото доаѓање на доселениците од Поречието го донесоа и бадник со себе,односно како ден ѕа шетање и пеење песни.Посебни настани се исто така палењето на огнови. Од кој едниот бадничарскиот во дворот на црквата, адругиот василичарскиот на планината Горица на месноста Лединче. Фрлањето на крстот за Водици се одржува во дворот на црквата во базенот, а ден пред тоа крстовите шетаат,односно одат од куќа во куќа, засилена со музика. Исто така Треба да се спомене и одбележувањето на празникот Курбан Бајрам кој е прославуван од муслиманското население. Тој празник се одбележува со принесување на жртва- Курбан кој е поделен на 3 дела еден за семејството еден за соседите и еден дел за сиромасите. Меѓу другите настани се одбележува и прославата на Новата Година. Најчесто е прославувана на центарот на селото со приготвување на мали огномети и пригодна прослава.

За секојдневниот живот на граѓаните на село Радиовце значајни се и свадбите кои се одбележуваат на свој посебен начин зависно од тоа дали се православни или муслимански.

[уреди] Надворешни врски

Иако селото Радиовце можеби се наоѓа поблиску до градот Гостивар, луѓето се секогаш ориентирани кон Тетово. Институционалните, соционалните и општествените проблеми на граѓаните од село Радиовце се решаваат во Тетово, ито така Тетово е центарот за високото образование на младите луѓе од Радиовце и главен центар за трговија, здравство и рекреација. Иако се примарно луѓето ориентирани со Тетово, голем број на луѓето имаат и добри односи со Гостивар. Имено, доста млади луѓе се образуваат во Гостивар, одвиваат трговски врски со граѓаните на Гостивар и голем број на религиозни и културни настани се одбележуваат во Гостивар. Се на се граѓаните на Радиовце имаат одлични односи со околните градови и секако со околните села. Радиовце и околината се одличен пример како едно општество функционира во рамките на мултукултурализмот.

[уреди] Економија

Како што се менува економскада состојба во Македонија,така влијае и тоа во селото. Во почетокот на ’80 во Радиовце се гради фабрика, популарно наречена „КОРПАРА„ во која се плетат кошници и мебел од прачки. Подоцна таа прераснува во мини фабрика ѕа мебел,која ѕа покасно во доцните ’90 и целосно да пропадне.Освен неа, во селото има и супер маркет и 5 мини маркетипопуларно наречени „дуќани„. Функционира и претпријатие за производство на бекатон цигли,санитарно претпријатие `Река Комерц` високософистицирана фирма за градежништво, малечко претпријатие за производство на огради од ковано железо, бензинска пумпа, интернет кафе, мини амбуланта со аптека, обложувалница, играчници, пекара,земјоделска аптека, земјоделско претпријатие „Караџица„ во сопственост на Игор Димовски, повеќе дневни локали за чај и кафе и др.

Населението е претежно вработено во Тетово, а остатокот по околните села.

[уреди] Земјоделие

Главен извор за егзистенција на населението во Радиовце е земјоделието и сеење на разни култури. Поголем број од граѓаните на Радиовце поради тешката транзиција во која се најде Македонија и Балканот се одлучиле за обработка на земјата и добивање бенефити од истата. Најчесто сеени култури се пченката и гравот. Гравот е најпознатиот производ не само на Радиовце туку на целиот Полог. Другу култури кои можат да се видат посеани се пченицата, `ржот, сите градинарски култури, пиперката и разни овоштарски култури. Најчесто одглдувани овошја се јаболкото, крушата и вишните. Радиовце располага со поголем број обработливи површини кои се многу погодни за одгледување на сите култури. Најголеми обработливи површини кои можат да се најдат во Радиовце се малите области Караџица, Прекурека, Тапанец, Прачки, Ограда,Требаци, Касовчица,Рупа, Тумбарче, Песок, Земјоделскиот индустриски кобинат и Плавенца која за жал прерасна во повеќе урбана средина. Сите овие површини се достапни како со вода за наводнување така и со патишта за полесен пристап. Голем број на земјоделци од Радиовце се опремени со земјоделски машинерии како трактори, сеалки, копачки, косачки и други.

Од голема важност е да се напомене изградбата на хидро-мелиоративниот систем на реката Вардар во самото село во `70 години. од тука почнува со канал да се наводнува скоро цел Полог. Но за жал последниве години од самата негрижа од надлежните каналот се повеќе и повеќе пропаѓа.

Според некои економски експерти, Земјоделскиот индустриски комбинат „Вардар„ би требал да се отуѓи и да се продаде на странски инвеститор кој би можел тука да подигне економска зона.Со нековите стотици хектари, блискоста со само десетина метри од железничката пруга и автопатот, тој нуди непроценливи можности ѕа иѕградба на фабрики,кои би го исфрлиле дој дел на Полог во едно од најразвиените делови не само на Македонија, туку пошироко на Балканот и Европа.

[уреди] Спорт и Рекреација

Во селото од секогаш постоеше фудбалскиот клуб Радиовце, за потоа кон крајот на `90 да згасне. Потоа имаше некои обиди да се обнови, но безуспешно. Самиот клуб го има еднаш освоено и првото место во тетовската регионална лига.

Самата река Вардар која поминува низ селото беше своевремено атрактивен рекреативен центар, но со самото загадување на реката се загубија и луѓето кои доаѓаа на излет.Од особен интерес на посета беше местото каде што се влева Боговинската Река со своевидно место за одмор и рекреација. Исто така интересно место е теновската кривина. Радиовце е едно од ретките села кое има изградено повеќе мултифункционални спортски терени.Во средишниот дел на маалото Ваков се наоѓа големиот фудбалски терен. Спроти црквата е теренот за одбојка и кошарка. Кај браната на реката Вардар се наоѓа терен за street-ball и во самиот училишен двор теренот за мал фудбал, ракомет и кошарка кои се комплетно опремени и деноноќно осветлени со рефлектори.

[уреди] Познати личности од Радиовце

  • Јован Павловски, Познат македонски писател
  • Рајко Аврамовски (†1989), Борец во НОБ,пор. функционер на општина Жеровјане
  • Живко Стефановски, Регионален функционер, писател и публицист
  • Душко Милевски (†2005), Примариус д-р, спортски работник
  • Рашо Аврамовски, иселеник во Германија,антрополог и хуманист
  • Бошко Стефаноски (†2005),економист и писател
  • Бобан Велјаноски- регионален музичар
  • Денис Иловски- регионален музичар
  • Стојчевски Атанас Спиро (†1943) Жртва во Јасеновац

[уреди] Галерија

[уреди] Надворешни врски

Static Wikipedia 2008 (March - no images)

aa - ab - als - am - an - ang - ar - arc - as - bar - bat_smg - bi - bug - bxr - cho - co - cr - csb - cv - cy - eo - es - et - eu - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - frp - fur - fy - ga - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - jbo - jv - ka - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - ms - mt - mus - my - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nn - -

Static Wikipedia 2007 (no images)

aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -
https://www.classicistranieri.it - https://www.ebooksgratis.com - https://www.gutenbergaustralia.com - https://www.englishwikipedia.com - https://www.wikipediazim.com - https://www.wikisourcezim.com - https://www.projectgutenberg.net - https://www.projectgutenberg.es - https://www.radioascolto.com - https://www.debitoformativo.it - https://www.wikipediaforschools.org - https://www.projectgutenbergzim.com