Павловск
Од Википедија, слободна енциклопедија
Павловск е град во Русија, 30 km од и под јурисдикција на Санкт Петербург, веднаш јужно од Царское Село. Населението брои 14,960 жители (попис од 2002). Градот се има развиено околу Павловскиот дворец, една од најраскошните резиденции на руското царско семејство. Павловск е дел од Светското наследство Санкт Петербург и поврзани групи на споменици.
[уреди] Дворецот на Павел I
Историјата на градот започнува во 1777 кога Катерина Велика му дала некои 362 десетини долж реката Славјанка на нејзиниот син Павел при раѓањето на нејзниот прв син. Градот го носи неговото име.
Во 1780, популарниот шкотски архитект Чарлс Камерон бил назначен како одговорно лице за иградбите во Павловск. Неговиот неокласицистички дизајн за Великиот дворец бил одобрен од Павел по две години. Околу дворецот бил направен огромен англиски парк, со бројни храмови, колонади, мостови и статуи.
Кога Павел го добил престолот како Павел I во 1796, населбата околу дворецот била доволно голема за да се нарече град. По неговата смрт, дворецот бил прогласен за резиденција на неговата вдовица, Марија Фјодоровна. Потоа тој им припаднал на Константиновичите (дел од династијата Романови).
[уреди] Подоцнежна историја
Пред револуцијата, павловск бил добро познат летниковец за побогатите слоеви од престолнината. Животот на т.н. дачники во Павловск е опишан од Достоевски во неговиот роман Идиот.
За овозможување на превоз била изградена првата железница во Русија на релација Санкт Петербург-Павловск (10 октомври, 1837). Железничката станица се користела и како концертна сала каде изведувале бројни славни личности меѓу кои се и Јохан Штраус II, Франц Лист, и Роберт Шуман. Импресивниот 'Воксалски павилјон' исто така се користел и за привлекување на патници. Салата се здобила со таква слава, што зборот „Вокзал“ влегол во рускиот јазик со значење „значајна железничка станица“.
Павловскиот дворец е веројатно најдобро зачуваната царска резиденција вон Санкт Петербург. Раскошниот неокласичен ентериер на дворецот бил веродостојно реставриран по големиот пожар во 1803 год. Штетата врз дворецот за време на германската окупација (1941-1943), иако значителна, не била толку лоша како кај Петерхоф и Царское Село.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Павлоскиот дворец (англиски)
- павловскиот дворец и паркот - од Кучумов (англиски)
- Павловск - информации за историја на градините и дизајнот (англиски)
- Есенски пејзажи на Павловск (англиски)
Градови под јурисдикција на Санкт Петербург | ||
Зеленогорск | Колпино | Красное Село | Кронштат | Ломоносов | Павловск | Петерхоф | Пушкин | Сестерорецк |