See also ebooksgratis.com: no banners, no cookies, totally FREE.

CLASSICISTRANIERI HOME PAGE - YOUTUBE CHANNEL
Privacy Policy Cookie Policy Terms and Conditions
Мичиген (езеро) - Википедија

Мичиген (езеро)

Од Википедија, слободна енциклопедија

За сојузната американска држава видете Мичиген.
Песочна дина на брегот на езерото Мичиген.
Песочна дина на брегот на езерото Мичиген.

Мичиген е едно од петте Големи езера на Северна Америка, и е единственото од групата кое целосно им припаѓа на САД. Одејќи по стрелките на часовникот од југ, тоа се граничи со американските сојузни држави Индијана, Илиноис, Висконсин и Мичиген. Зборот "Мичиген" првобитно се користел за да се означи самото езеро и се верува дека доаѓа од Оџибва индијанскиот збор mishigami, што значи "голема вода".

[уреди] Географија

Мичиген и останатите Големи езера.
Мичиген и останатите Големи езера.

Езерото Мичиген (43°30'N, 87°30'W) има површина од 57,750 km2, правејќи го најголемото слатководно езеро во САД, најголемото езеро кое целосно и припаѓа на една земја и петтото најголемо езеро во светот. Долго е 494 km, широко 190 km со брегова линија од 2,633 km должина. Просечната длабочина на езерото е 85 m, додека неговата најголема длабочина е 282 m. Тоа се состои од 4,918 km3 вода. Се наоѓа на надморска висина од 176 m, исто како и езерото Хјурон, со кое е поврзано со протокот Мекинак.

[уреди] Поголеми градови

Околу 12 милиони луѓе живеат покрај бреговите на езерото Мичиген. Многу мали градови во Северен Мичиген се центрирани околу туристичка база која има корист од убавината и рекреациските можности кои ги нуди ова езеро. Овие градови имаат големо сезонско население кое пристигнува од Чикаго и внатрешните градови во Јужен Мичиген. Најјужната точка на езерото е многу индустријализирана. Градови на брегот на Мичиген со население поголемо од 30,000 се:

Голема група од капачи на плажата на езерото Мичиген, Чикаго, околу 1925.
Голема група од капачи на плажата на езерото Мичиген, Чикаго, околу 1925.

Илиноис

  • Чикаго
  • Еванстон
  • Хајланд Парк
  • Северен Чикаго
  • Ваукеган

Индијана

  • Источен Чикаго
  • Гери
  • Хамонд
  • Мичиген Сити
  • Портаж

Мичиген

  • Холандија
  • Мјускегон

Висконсин

  • Грин Беј
  • Кеноша
  • Манитовок
  • Милвоки
  • Расин
  • Шибојган


aa - ab - af - ak - als - am - an - ang - ar - arc - as - ast - av - ay - az - ba - bar - bat_smg - bcl - be - be_x_old - bg - bh - bi - bm - bn - bo - bpy - br - bs - bug - bxr - ca - cbk_zam - cdo - ce - ceb - ch - cho - chr - chy - co - cr - crh - cs - csb - cu - cv - cy - da - de - diq - dsb - dv - dz - ee - el - eml - en - eo - es - et - eu - ext - fa - ff - fi - fiu_vro - fj - fo - fr - frp - fur - fy - ga - gan - gd - gl - glk - gn - got - gu - gv - ha - hak - haw - he - hi - hif - ho - hr - hsb - ht - hu - hy - hz - ia - id - ie - ig - ii - ik - ilo - io - is - it - iu - ja - jbo - jv - ka - kaa - kab - kg - ki - kj - kk - kl - km - kn - ko - kr - ks - ksh - ku - kv - kw - ky - la - lad - lb - lbe - lg - li - lij - lmo - ln - lo - lt - lv - map_bms - mdf - mg - mh - mi - mk - ml - mn - mo - mr - mt - mus - my - myv - mzn - na - nah - nap - nds - nds_nl - ne - new - ng - nl - nn - no - nov - nrm - nv - ny - oc - om - or - os - pa - pag - pam - pap - pdc - pi - pih - pl - pms - ps - pt - qu - quality - rm - rmy - rn - ro - roa_rup - roa_tara - ru - rw - sa - sah - sc - scn - sco - sd - se - sg - sh - si - simple - sk - sl - sm - sn - so - sr - srn - ss - st - stq - su - sv - sw - szl - ta - te - tet - tg - th - ti - tk - tl - tlh - tn - to - tpi - tr - ts - tt - tum - tw - ty - udm - ug - uk - ur - uz - ve - vec - vi - vls - vo - wa - war - wo - wuu - xal - xh - yi - yo - za - zea - zh - zh_classical - zh_min_nan - zh_yue - zu -