Кондолиза Рајс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кондолиза Рајс (14 ноември 1954) е американска политичарка, моментално 66-ти по ред државен секретар на САД во администрацијата на Џорџ В. Буш. На таа позиција е од 26 јануари 2005 кога го заменила дотогашниот државен секретар Колин Пауел, кој поднел оставка. Рајс е првата Американка од африканско потекло, втора жена после Меделин Олбрајт, и втора личност од Американско-Африканско потекло на позицијата државен секретар. За време на првиот мандат на Претседателот Буш, Рајс беше неговиот секретар за национална одбрана. Нејзината дипломатска кариера е фокусирана на мир во Блискиот Исток. Таа зборува: Англиски, Руски, Германски, Француски и Шпански.
[уреди] Детство
Кондолиза Рајс е родена во градот Бирмингем во Американската сојузна држава Алабама. Најзиното име потекнува од Италијанската фраза „Con dolcezza“, што значи „со сладкост“.
[уреди] Американски државен секретар (2005-)
Од добивањето на позицијата Американски државен секретар, Рајс ја разви и објави нејзината „Трансформациона Дипломатија“ во Јануари 2006. Таа се состои од пет клучни елементи:
- Релокација на Американските дипломати кон региони надвор од САД, како Кина, Индија, Африка и Блискиот Исток.
- Задолжување на дипломатите да престојуваат и работат во локации како Ирак, Авганистан, Судан или Ангола, и течно да говорат барем два странски јазици.
- Дипломатски фокус на Тероризам, транспорт на дроги, и болести.
- Кооперација со други држави за јакнење на нивните инфраструтури.
- Создавање на позиција на висок функционер „Директор за странска помош“.