Дампинг
Од Википедија, слободна енциклопедија
Продажбата на определен производ или добро на странски пазар по пониска цена од нормалната се нарекува дампинг. Дампингот претставува дискриминаторска мерка којашто ги става во нерамноправна положба домашните купувачи во однос на странските купувачи. Дампингот, вообичаено, претпоставува формирање на различни цени на домашниот и странскиот пазар, а истотака може да се спроведува преку депрецијацијата на домашната во однос на странската валута.