Град Окленд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Град Окленд | |
Население: | 425,400 (провизорна проценка од јуни 2005) |
Површина: | 637 km² |
Градоначалник: | Џон Бенкс |
Територијална админ. единица | |
---|---|
Распространетост: | Оклендски теснец, Острови во заливот Хаураки |
Обласен совет: | Окленд |
- Ова е статија за град Окленд. За општата населена област, видете ја главната статија Окленд.
Град Окленд (англиски: Auckland City) е административна единица која го покрива Оклендскиот теснец и островите од заливот Хаураки. Оклендскатото градско подрачје се состои од населените делови на овој град и соседните „градови“, имено Северен рег, Ваитакере и Манукау, заедно со делови од околните места Папакура, Родниев округ и Франклинов округ.
Град Окленд е најголемиот град Нов Зеланд, со провизорна проценка од 425,400 жители (20 јуни 2005). Оклендскиот обласен Совет се наоѓа во град Окленд. Градоначалник е Дик Хабард.
Содржина |
[уреди] Историја
Во 1989 централната власт извршила реструктуирање на локалната администрација ширум Нов Зеланд. Кон град Окленд биле припоени осум други локални административни единици. Новиот има двојно повеќе жители и се простира во рамките на границите кои ги знаеме денес.
[уреди] Географија
Копнениот дел на градот Окленд лежи на теснец. Ваитематското пристаниште, which opens to the Хаураки, го одделува теснецот од градот Северен Брег и северно. Манукавското пристаниште, кое се отвора кон Тасмановото море го одделува реснецот од градот Манукау на југ.
Островите во внтрешниот залив се Рангитото, Мотутапу, Браунов остров, Мотуихе, Ракино, Понуи и Ваихеке, додека островите од надворешниот залв се Литл Бариер, Грејт Бариер и Мокохинавските острови. Значаен дел од оклендското централно градско подрачје е изградено на земја добиена со рекултивација през изминатите 100 години. Во план е значаен развој на недоволно искористените подрачја западно од центарот, каде големите фирми се преселуваат (2006).
[уреди] Листа на населби
Овие листи на населби се географски подредени, и се дадени во правец на стрелките на часовникот од нивната положба во одност на центарот.
Централно градско подрачје
Механичарски залив, Парнел, Ремуера, Њумаркет, Графтон, Њутн, Идново брдо, Балморал, Кингсленд, Морнингсајд, Греј Лин, Понсонби, Фриманов залив, Хернов залив, Свети Мариин залив.
Источни
Мисионерски залив, Кохимарама, Сент Хелиерс, Оракеи, Глендауи, Глен Инс, Мидоубенк, Поинт Ингланд, Сент Џонс, Тамаки, Панмјур, Велингтоново брдо, Елерсли.
Јужни
Отахуху, Вестфилд, Саутдаун, Пенроуз, Гринлејн, Оранга, Те Папапа, Онехунга, Брдо со едно дрво, Кралев даб, Епсом, Хилсборо, Три Крала, Ваиковаи, Роскилово брдо, Линфилд, Бункерски залив, Сандригем.
Западни
Оваирака, Нов Виндзор, Авондејл, Албертово брдо, Вотервју, Западни извори, Поинт Шевалиер, Вестмир.
За други населби во населеното место Окленд пошироко, видете Северен Брег, Манукау and Ваитакере.
[уреди] Збратимени градови
- Лос Анџелес, САД
- Бризбејн, Австралија
- Гуангчоу, Кина
- Фукока, Јапонија
- Бусан, Јужна Кореја
[уреди] Видете исто така
- Окленд
- Голем Окленд
- Градоначалник на Окленд
[уреди] Надворешни врски
- Веб-сајт на Град Окленд (англиски)
- Историја на Град Окленд од Греам Буш (англиски)
Територијална поделба на Нов Зеланд |
---|
Градови: |
Северен Брег | Ваитакере | Окленд | Манукау | Хамилтон | Тауранга | Напиер | Палмерстон Север | Порируа | Горен Хат | Долен Хат | Велингтон | Нелсон* | Крајстчерч | Данидн | Инверкаргил |
Окрузи: |
Северен Остров: Далек Север | Фангареи | Каипара | Родни | Папакура | Френклин | Темза-Коромандел | Хаураки | Ваикато | Матамата-Пиако | Ваипа | Јужно Ваикато | Оторогханга | Роторуа | Ваимото | Таупо | Залив на of изобилието | Факатане | Каверау| Опотики | Гизборн* | Ваироа | Хестингс | Централен Јастребов залив | Нов Плимут | Стратфорд | Јужен Таранаки | Руапеху | Фангануи | Рангитикеи | Манавату | Тараруа | Хорофенуа | Капитско крајбрежје | Мастертон | Картертон | Јужна Ваирарапа |
Јужен Остров: Тасман* | Марлборо* | Булер | Греј | Вестленд | Каикоура | Хурунуи | Ваимакарири | Селвин | Ешбуртон | Тимару | Мекензи | Ваимате | Ваитаки | Квинстаунски езера | Централно Отаго | Клута | Гор | Саутленд |
Територија: Четемски острови |
*унитарни адмнинистративни единици |