Боже чувај го царот!
Од Википедија, слободна енциклопедија
- Исто така, видете Боже чувај го кралот
„Боже чувај го царот!“ (руски: Боже, Царя храни!) била национална химна на доцната Руска империја. Песната била избрана на конкурс во 1833 г. Композиторот е виолинистот Принц Алексеј Фјодорович Лвов, а текстот е од романтичарскиот дворски поет Василиј Андрејевич Жуковски. Химната важела сè до 1917 г., кога Октомвриската револуција ја соборила царистичката монархија и ја заменила со Интернационалата како нова национална химна.
Мелодијата може да се чуе во Увертирата 1812, Словенскиот марш, „Хаил, Пенсилванија!“ (официјалната државна песна на Пенсилванија), „Бог, семоќниот!“; „Цврсто врзани во братство“, официјалната песна на Редот на Стрелата која ја користи истата мелодија со друг текст.
Содржина |
[уреди] Текст
[уреди] Руски
- Боже, Царя храни!
- Сильный, державный,
- Царствуй на славу,
- Hа славу намъ!
-
- ( 2x :)
- Царствуй на страхъ врагамъ,
- Царь православный,
- Боже, Царя,
- Царя храни!
-
- ( 2x :)
[уреди] Македонски
- Боже чувај го царот!
- Силниот и државниот,
- Царувај славно,
- За нашата слава!
-
- ( 2x :)
- Царувај на стравот на непријателите,
- Царе православен,
- Боже чувај го царот,
- Чувај го царот!
-
- ( 2x :)
[уреди] Медија
- Боже, Царя храни! (Боже чувај го царот!) (инфо)
- А капела верзија
-
Боже, Царя храни! (Боже чувај го царот!) (инфо)
- Инструментална верзија
- Не можете да ја чуете датотеката? Видете медија-помош.