Анте Поповски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Анте Поповски (Лазарополе, 3 јуни 1931 - Скопје, 1 октомври 2003) е македонски поет, есеист, препејувач и публицист. Дипломирал медицина, но решил да си го посвети животот на литературата. Учествува во основањето на МААК. Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандати и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ од 2001 година.
[уреди] Литературно творештво
- Одблесоци (поезија, 1955)
- Вардар (поезија, 1958) превземи во PDF формат
- Самуил (поезија, 1963)
- Непокор (поезија, 1964)
- Камена (поезија, 1972)
- Тајнопис (поезија, 1975)
- Љубопис (поезија, 1980)
- Родопис (поезија, 1981)
- Сина песна (поезија, 1984)
- Глас од дамнина (со литературно-историски и поетолошки карактер, 1986)
- Ненасловена (поезија, 1988)
- Оковано време (статии и коментари, 1991)
- Меѓу животот и знаците (есеи, 1991)
- Провиденија (поезија, 1995)
- Окото, светлините (есеи, 1996)
Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија.
[уреди] Награди
Добитник е на наградите „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“ и на Меѓународната награда за најдобра песна „Premio Europa“.