27 ноември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Ноември 2008 27 ноември е 331-иот ден во годината според григоријанскиот календар (332-и во престапна година). Остануваат 34 денови до крајот на годината.
Настани:
1895 | Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. „Наградите треба да се делат без оглед на националноста“, пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум. |
1919 | По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија и на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС. |
1926 | Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија. |
1942 | Втора Светска војна: Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите. |
1946 | Солунскиот партиски весник „Лаки Фони“ објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови. |
1982 | Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната „економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република“. |
1997 | Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија. |
- 1941 - Завршува судскиот процес против 15 уапсени комунисти што се одржува во Охрид. Од нив само 5 се осудени, меѓу кои Лазар Колишевски и Петре Пирузе на смрт со бесење.
Родени:
1701 | Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. |
1921 | Александар Дубчек, претседателот на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на Прашката пролет во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа. |
1960 | Јулија Тимошенко, украинска политичарка, сегашен премиер на Украина. |
Починале:
1955 | Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика. |
- 1895 - Александар Дима, француски писател
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |