Франц Шуберт
Од Википедија, слободна енциклопедија
Франц Петар Шуберт (31 јануари, 1797 – 19 ноември, 1828), Австриски композитор, кој е сметан како последниот мајстор од Виенската Класична школа и е еден од најраните поборници на музичкиот Романтизам.
И покрај тоа што умрел на возраст од 31 година, имал напишано околу шест стотини романтични песни (композиции), како и многу симфонии, сонати, квартети, неколку опери и многу други дела. Со природен талент за мелодии и лирика, Шуберт се вбројува во најнадарените композитори на 19-иот век.
Јавното признание за неговите дел, за време на неговиот живот било ограничено, сепак за време на неговата рана смрт повеќе од 100 негови композиции биле испринтани. Шуберт никогаш не бил во можност да обезбеди соодветно постојано вработување и за време на поголемиот дел од животот бил издржуван од пријателите и вработуван од страна на својот татко.