Твинингс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Твинингс (англ. Twinings) е марка чаеви од Ендовер, Хемпшир, Англија.
Томас Твининг ја отворил првата чајџилница во земјата во 1706, која и денес се наоѓа на истото место, 216 Стренд, Лондон. Фирмата ја прославила својата 300-годишнина со специјален чај и чајни кутии.
Твинингс продава посебни чаеви како Лапсанг сучонг, Англиски појадочен, Леди Греј и Дарџилинг. Обично се смета дека оваа фирма била првата што ја создала мешавината Ерл Греј за време на премиерстувувањето на Чарлс, Вториот Ерл Греј, иако ова го оспорува нивната соперничка фирма Џексонс од Пикадили.
Во 2005, Твинингс го исфрлиле на пазарот нивниот прв генерички (непосебен) чај под името „Everyday Tea“ (Секојдневен чај).
Фирмата е еден од основачите на Партнерството за етички чај, група чајни фирми кои работат на политика за фер трговија и ги надгледуваат етичките услови на чајните плантажи.
Глумецот Стивен Фрај моментално рекламира „Твинингс“ чаеви.
[уреди] Значајни членови на семејството
- Елизабет Твининг (1805–1889), ботанички илустратор.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален британски веб-сајт (англиски)
- Официјален американски веб-сајт (англиски)