Спас Банџов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Спас Банџов (1904 - 1942) е македонски борец во Шпанската граѓанска војна.
Роден е во Охрид. Како работник бил на печалба во Романија, Куба и САД. Престојувал и во Белгија, каде во 1937 година стапил во Интернационалните бригади кои се на страната на шпанската демократска влада и учествувал во одбраната на Мадрид. Таму се разболел и по враќањето во родниот град умира во 1942 година. Според други информации, Банџов загинува како борец за време на Богомилскиот поход [1].