Протиста
Од Википедија, слободна енциклопедија
Биолошкото царство на протистите (латински: Protista) се состои од едноклеточни, кончести, колонијални или многуклеточни еукариотски организми. Протисти се различните видови на алги и праживотни. Порано алгите беа именувани како нижи растенија, односно талофити, додека праживотните се сметаа за едноклеточни животни.
Исхраната на овие организми е автотрофна и хетеротрофна. Автотрофните се хранат по пат на фотосинтеза, додека хетеротрофните со абсорпција на храна од околината или со ендоцитоза (заробување) на помали организми. Тие се важни продуценти во океанските и барските синџири на исхрана. Во некои земји, тие се важен извор на храна за хуманата популација. Исто така, фитопланктонот, кој се состои од протисти, е еден од главните производители на кислород.