Прагматизам
Од Википедија, слободна енциклопедија
Прагматизам (грчки: прагма- дело, дејствување, акција) е философско учење кое започнало во САД во доцните 1800-ти. Терминот прагматизам е прв пат употребен од страна на американскиот философ од 19 век, Вилијам Џејмс, а како основач на ова учење се смета американскиот философ, исто така од 19 век, Чарлс Пирс.
Прагматизмот се одликува со инсистирање на последиците, корисноста и практичноста како витални компоненти на значењето и вистината. Прагматизмот не се согласува со гледиштето дека човековите концепти и интелектот ја претставуваат реалноста. Само идеите кои се корисни во животот се вистинити.
Според прагматизмот, само во борбата на интелегентните суштества со околината што ги опкружува, теориите се здобиваат со некаква значајност, и само со успехот на теоријата во оваа борба, теоријата станува вистинита. Но, прагматизмот не вели дека што и да е, ако е корисно или практично треба да се смета за вистинито, или ако само ни помага за кратко време да преживееме.
Прагматистите инсистираат дека она што треба да се земе како вистина е она што најмногу придонесува за најголемото добро на човекот во најголем временски период. Ова, во пракса, за прагматичарите значи дека еден човек треба да биде способен да ги предвидува работите и да ги тестира тие предвидувања- и конечно, дека потребите на човекот треба да го насочуваат неговото истражување.