Метал
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа страница се однесува на металот како геолошка супстанција. За други значења видете метал (појаснување).
Метали (називот потекнува од латински: metallum — рудник) (ковини) — во хемијата, се хемиски елементи кои брзо образуваат позитивни јони (катјони) и во нивните структури се присутни метални врски. Металите понекогаш се опишуваат како решетки од позитивни јони обиколени со облак од делокализирани електрони. Металите се едни од трите групи на елементи одликувани од нивните јонизациони и сврзувачки својства, заедно со металоидите и неметалите. Во периодниот систем е повлечена дијагонална линија од борот) (B) до полониумот (Po) за да ги одвои металите од неметалите. Елементите на оваа линија се металоиди, понекогаш нарекувани и полуметали; елементите долу налево се метали; елементите горе надесно се неметали.
Помодерна дефиниција за метали е онаа која вели дека тие имаат преклопени спроводнички ланци и валентни ланци во нивната електронска структура. Оваа дефиниција ја отвора категоријата за метални полимери и други органски метали кои се направени од истражувачите и употребени во високотехнолошки направи. Овие синтетички материјали често ја имаат карактеристичната сребрено-сива рефлективност на елементалните метали.
Традиционалната дефиниција се фокусира на карактеристичните својства на металите. Тие обично се сјајни, свитливи, ковливи и добри спроводници на електрицитет, додека неметалите се обично кршливи (за цврстите неметали), немаат сјај и се изолатори.
Содржина |
[уреди] Наоѓање
Неметалните елементи се пораспространети во природата отколку металните, но металите всушност сочинуваат поголем дел од периодниот систем. Некои добро познати метали се алуминиум, бакар, злато, железо, олово, сребро, титаниум, ураниум и цинк.
[уреди] Хемиски својства
Повеќето метали се хемиски нестабилни. Тие реагираат со кислородот од воздухот и образуваат оксиди за најразлично времетраење (на пример, железото 'рѓосува со години, а калиумот согорува за неколку секунди). Алкалните метали реагираат најбрзо, а по нив се земноалкалните метали, кои се наоѓаат во најлевите две групи од периодниот систем. Транзитивните метали оксидираат за многу подолго време (како железото, бакарот, цинкот, никелот). Други, како паладиумот, платината и златото воопшто не реагираат со атмосферата. Некои метали образуваат бариерен слој на оксид на нивната површина што не може да биде пенетриран од натамошни кислородни молекули и како резултат на ова металите го задржуваат својот сјаен изглед и добра спроводливост за многу декади (како алуминиумот, некои видови на челик и титаниумот). Оксидите на металите се базни (во спротивност со оние неметалите, кои се кисели), иако ова не е некој апсолутен услов.
Боењето и анодирањето на металите се добри начини за спречување на нивната корозија.
[уреди] Физички својства
Традиционално, металите имаат одредени карактеристични физички својства: тие обично се сјајни (имаат "сјај"), имаат голема густина, ковливи се, обично имаат висока точка на топење, најчесто се цврсти и добро спроведуваат електричество и топлина. Како и да е, ова е главно поради меките, со мала густина и точка на топење метали кои се реактивни, и ретко се вбројуваат во нивната елементарна, метална форма. Металите добро го спроведуваат звукот, што значи дека тие се звучни.
Својствата на спроводливост се поради тоа што секој атом на металот е слабо прицврстен или воопшто неприцврстен за најнадворешните електрони (валентни електрони); како резултат на ова, валентните електрони образуваат некој вид на електронско море околу згуснатите јадрени катјони.
[уреди] Легури
- Главна статија: Легура.
Легура е мешавина на два или повеќе елементи во цврст раствор во кој главна состојка е метал. Повеќето чисти метали се или премногу меки, кршливи или хемиски реактивни. Со комбинирањето на различни пропорции на метали како легури се изменуваат својствата на чистите метали за да се добијат посакуваните карактеристики. Целта на правење легури е да ги направи металите помалку кршливи, поцврсти, отпорни на корозија или, пак, да ја имаат посакуваната боја или сјај. Примери на легури се челик (кој се состои од мешавина на железо и јаглерод), месинг (бакар и цинк), бронза (бакар и калај) и дуралуминиум (алуминиум и бакар). Легурите кои се специјално дизајнирани за високотехнолошки апликации, како авионските мотори, можат да содржат повеќе од десет елементи.
[уреди] Базен метал
Во хемијата, терминот базен метал се користи неформално за метал кој оксидира или кородира релативно лесно, и реагира најразлично со разредена хлороводородна киселина (HCl) за да образува водород. Примери за вакви метали се железото, никелот, оловото и цинкот. Бакарот се смета за базен метал бидејќи оксидира релативно лесно, иако не реагира со HCl. Најчесто се користи како замена за благороден метал.
Во алхемијата, базен метал бил чест и ефтин метал (за разлика од драгоцените метали како златото и среброто). Долговремена цел на алхемичарите била трансмутацијата на базните метали во драгоцени метали.
Во нумизматиката, вредноста на монетите се цени главно според содржината на драгоцени метали во нив. Повеќето модерни валути се фиат валути, дозволувајќи монетите да се прават од базен метал.
[уреди] Драгоцен метал
Драгоцен метал е редок метален хемиски елемент со висока економска вредност.
Хемиски, драгоцените метали се помалку реактивни од повеќето други елементи, имаат висок сјај и поголеми точки на топење отколку другите метали. Историски, драгоцените метали биле важни како валути, но сега се сметаат главно како инвестиции и индустриски артикли. Златото, среброто, платината и паладиумот имаат валутен код ISO 4217.
Најпознати драгоцени метали се златото и среброто. Додека и двата имаат индустриска употреба, тие се подобро познати по нивната употреба во уметноста, накитот и ковањето на монети. Други драгоцени метали се металите од платинската група: рутениум, родиум, паладиум, осмиум, иридиум и платина, од кои со платината се тргува најмногу. Плутониумот и ураниумот можат исто така да се вбројат во групата на драгоцените метали.
Побарувачката на драгоцените метали е предизвикана не само од нивната практична употреба, туку исто така и од нивната улога како инвестиции и артикли од вредност. Паладиумот од 14 јули 2006 е проценет на $324 USD од унца, односно малку под половината од цената на златото ($665 USD/унца), а платината е проценета двојно повеќе од златото - $1,247 USD/унца. Среброто во суштина е поефтино од овие метали ($11.47 USD/унца), сега на 1/49 од цената на златото, но често е традиционално сметано за драгоцен метал поради својата улога во ковањето и накитот.
[уреди] Астрономија
Во специјализираната употреба на астрономијата и астрофизиката, терминот метал обично се користи за секој елемент, освен водородот или хелиумот, и вклучува супстанци кои се хемиски неметали: неон, флуор и кислород. Бидејќи температурите на вселенските тела практично не дозволуваат цврста или течна агрегатна состојба, и малку нормална хемија може да постои на температури кои ги рушат речиси сите хемиски врски, терминот "метал" се однесува на материјали кои резултираат од тројниот хелиум процес и се многу ретки отколку водородот и хелиумот во ѕвездите во главната секвенца.
Видете и: обогатување на металите.
[уреди] Видете исто така
- Базен метал
- Транзитивен метал
- Електрично поле
- Металопреработка
- Метална врска
- Драгоцен метал
- Металургија
[уреди] Надворешна врска
- (англиски) Цени на металите - USD/lb