Лесново
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лесново е село во Општина Пробиштип.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Лесново (Република Македонија)
|
|
Општина: | Општина Пробиштип |
Население: | 41 |
Поштенски број: | |
Повикувачки број: | |
Надморска височина: | 900m |
Географска широчина: | 42.0128 |
Географска должина: | 22.2300 |
Веб-место: |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Според местоположбата се наоѓа на надморска височина од 900 метри. Поврината на селскиот атар изнесува 14.1 км2 од кои вкупната аграрна површина е 1360 хектари (168 хектари обработливо земјиште, 618 хектари се пасишта и 574 хектари шума). Селото Лесново се наоѓа во северо-источниот дел од Република Македонија. Сместено е на југозападната страна од Осоговските Планини во изгаснат вулкански кратер-Лесновскиот Кратер, каде што се наоѓа и Лесновскиот манастир. Селото Лесново припаѓа на општината Пробиштип, асфалтно е поврзано со општинскиот центар Пробиштип и е оддалечено 15 километри. Постои добра патна поврзаност со главниот град на Република Македонија – Скопје (123 км.) и со меѓународниот патнички аеродром ”Александар Велики”.
Лесново има мошне пријатна клима, особено што се наоѓа на границата од умерено-континентална и планинска. Се карактеризира со свежи лета и благи зими и во комбинација со цистиот планински воздух и големиот број сончеви часови претставува природна воздушна бања која превентивно делува на здравјето на луѓето. Чистата животна средина, убавата природа со специфична флора од разни видови растенија, пријатната клима со многу сонце во сите годишни времиња, чистите и бистри планински води, атрактивниот изглед на високите ридови, а посебно планинскиот воздух кој спаѓа во најчистите во југоисточна Европа го прават престојот во Лесново да биде посебен. Лесновската река тече низ Лесново и го дели селото и кратерот на два еднакви дела. Со векови жедта на Лесново ја гасат пет прекрасни чешми, изградени во традиционален стил и со природен материјал кои птретставуваат атракција за посетителите. Во близина на селото Лесново се наоѓа Злетовската река со извонредно чиста и бистра планинска вода.
[уреди] Историja
Лесново спаѓа во најстарите села во Р.Македонија, неговата историја е долга повеќе од илјада години и е неделива од постоењето на Лесновскиот манастир. Како големо духовно христијанско светилиште, во кое значајно место има манастирот св. Гаврил Лесновски, постојат и повеќе од 20 верски објекти разместени на атрактивни природни локации, во околината на Лесново. Името на селото потекнува од зборот лес, што значи шума. За староста на селото зборуваат бројните сочувани траги во атарот на селото како што се пештерските цркви пештерските испосници. Во селото Лесново постоело едно од најстарите училишта во Македонија основано во XI век. Во периодот помеѓу X и XIV век во Лесново е создадена големата Лесновска Лавра, позната како најголема монашка република на Балканот. За разлика од многу други села, Лесново во текот на целото Османлиско ропство ја нема сменето сегасната локација.
Релјефот е последица на силна вулканска активност, која е дел од најраспространата и најпозната вулканска област во Македонија, која во герморфологијата е позната како Кратовско – Злетовската вулканска област. Во науката Лесновскиот Кратер се споредува со вулканот Етна во Италија и многумина го нарекуваат македонска Етна и претставува вистинско ремек дело на природата. Со неговата исклучителна реткост прогласен е за споменик на природата и се наоѓа на списокот на геолошки раритети во Република Македонија. Кратерот го опкружуваат ридови кои формираат прекрасен природен амфитетар, од кои најдоминантен кој се издига веднаж над селото, со надморска височина од 1127 м е Илински врв. Посебен куриозитет претставуваат т.н. игинмбрити, кои ги нема никаде на друго место во светот, на толку голема површина и во толку голема маса. Пештерите во Лесновскиот кратер се настанати од човечка рака со повеќевековна изработка на надалекупознатите лесновски воденички камења. Сместени се во непосредна близина на селото од двете страни наклисурестиот дел на Лесновскта река и претставуваат вистинска атракција за секој посетител. Во минатото во овие пештери се изработувале квалитетно воденични камења, а секоја пештера била сопственост на една фамилија. Високите врвови кои се издигаат над нејзиното корито од двете страни покриени со густи шуми, клисурестите делови и водопади создаваат исклучително атрактивен и пријатен простор. Во фаза на изградба е браната Кнежево, во склоп на повеќенаменскиот хидросистем Злетовица, каде што е предвидено изградба на три хидро централи. Прошетките во природа претставуваат едни од најубавите доживувања, многуте патеки кои водат од селото кон околните ридови поминуваат покрај чисти ливади, разни видови на шумски плодови и растенија (лековити билки). Од највисоките точки се пружа прекрасна глетка кон Осоговскиот масив покриен со шуми и испресечен со котлини. Постојат богати и специфични видови растнија кои што успеваат на овој простор : даб, дрен, габер, јасен и др. Во Лесново и неговата непосредна околина се засадени околу 7.000 садници на површина од 5 ха (бел бор, црн бор, американски јасен, црн јасен, аризонски чемпрес, еводија, трепетлика, и багрем), што во иднина дополнително ќе го зголеми богатиот шумски фонд. Богат е и животинскиот свет од кој посебно би ги издвоиле: зајакот, лисицата, волкот, дивата свиња, срната, јазовецот, ао од птиците: горската еребица, грлицата, соколот и поретко орелот, додека Злетовската река изобилувајќи со значителен рибен фонд, овозможува ловен и риболовен туризам.
[уреди] Економија
Главна дејост на населението била изработката на воденички камења во близина на селото, познато како Коларско, годишно се произведувале по 200 парчиња и се продавале низ целиот Балкан. Покрај тоа жителите на селото се занимавале и со рударство, ваденје на олово-цинкова руда. Кона крајот на XIX век и почетокот на XX век Лесново било едно од најголемите населени места во овој крај, по Балканските војни во 1912 и 1913 година Лесново било седиште на Општина.
[уреди] Демографија
Според последниот попос во селото живеат 41 жител ( 18 мажи и 23 жени ) во 25 домаќинства со вкупно 78 живеалишта. Сите македонци.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
Манастирот св. Гаврил Лесновски е еден од најубавите и најзначајните средновековни сакрални споменици на културата, не само во република Македонија туку и пошироко. Изграден е во 1341 година врз темели на поранешен храм од XI век, прогласен и заститен споменик на културата. Во текот на целото свое постоење бил духовно светилиште и пред 400 години најслвно славјанско училиште. Уште во XII век постоела лесновската школа преку која се ширела словенската писменост во овој крај и пошироко. Посебно доживување и интерес предизвикува иконостасот изработен од ореово дрво од врвни мајстори како што е Петре Филипов-Гарката и неговата тајфа. Покрај иконостасот посебна вредност и убавина претставува иконографијата на фреските кои што по својот циклус на рељеф се единствени во целокупната византиска уметност. За Гаврил Лесновски постојат повеќе житија, првото е сосема кратко и напишано е во 1330 година. Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворица големи испосници, светители- Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како што народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг пустожителски живот во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во глизина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, Гаврил останал во с. Лесново и го подигнал Лесновскиот манастир.Манастирот св. Гаврил Лесновски не само што со своето богатство и содржини на Иконостасот и фреско –сликарството претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни луѓе. Селаните веруваат дека светецот Св. Гаврил Лесновски ги штити нив, нивното село и манастирот и дека неговиот дух се појавува во одредени периоди во годината. Тие исто така веруваат дека не случајно тука се настанати и селото и манастирот и со гордост истакнуваат дека овој простор е библиски. Најмасовно е за време на празниците на манастирот на 21 септември и 28 јануари, кога доаѓаат голем број посетители и гости.
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
На големо задоволство на жителите на Општина Пробиштип, како и на многубројните посетители и вљубеници во Лесново, на 01.02.2008 година се одржа промоција на проектот за уредување на Лесново како туристичко-рекреативен локалитет и центар на културно-историското наследство и архитектонски и амбиентални вредности. Проектот е реализиран во рамките на програмата Добрососедство, за соработка помеѓу земја членка во ЕУ, во случајов Република Бугарија и земја-нејзин сосед, во случајот Република Македонија, а финансиран со средства од Европската унија, преку Европската агенција за реконструкција во Република Македонија. Вредноста на проектот е околу 162 000 евра.Навистина е пријатно да си дел од реализацијата на проект за едно култно место како Лесново, со илјадагодишна традиција, кое зазема особено место во срцата на почитувачите на македонската долговековна култура и самобитност. Лесновскиот манастир претставува градителско наследство од највисок приоритет за заштита и зачувување за идните генерации, а Лесновскиот кратер, поради исклучителноста и реткоста, прогласен е за споменик на природата и природна реткост, специфичен културен предел. Ова се врвни вредности кои заслужуваат да се најдат на одредиштата на домашните и странските туристи и да се откријат пред многубројните посетители.