21 септември
Од Википедија, слободна енциклопедија
Шаблон:Септември 2008
21 септември е 264-иот ден во годината според григоријанскиот календар (265-и во престапна година). Остануваат 101 денови до крајот на годината.
Настани:
1529 | Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена. |
Родени:
1866 | Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напишал голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умрел 1946 година. |
1927 | Во Дојран е роден Христо Андонов - Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7.10.1985 година. |
Починале:
1832 | Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собирал народни песни и пишувал епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. |
1860 | Артур Шопенхауер, германски филозоф. |
Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември |