Кивот
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ковчегот на заветот или уште кивот (иврит ארון הברית : aron habrit) е опишан во Библијата како свет сандак, кој го содржи каменот на кои биле напишани Десетте Божји заповеди, како и други предмети. Според Библијата за самата изработка на Кивотот наредил Бог на Мојсеј во Синајската гора. Според Библијата кивотот служел како моќно оружје. Така например израелците го носат кивотот со себе си во битката за Ерихон, по кои победуваат.
При разрушувањето на Соломоновиот храм во Ерусалим (587 пр.н.е.), кивотот исчезнал и од тогаш постојат многу хипотези и шпекулации за тоа каде се наоѓа.