Дени Дидро
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дени Дидро (француски: Denis Diderot) (Лангрес, Шампања, Франција, 5 октомври, 1713 – Париз, 31 јули, 1784) е француски писател и философ. Тој е важна фигура во Просветителството и бил главен уредник на Енцикопедијата (Encyclopédie).
Со своите дела влијаеше врз расположението на граѓаните во борбата против феудалниот и апсолутистичкиот режим. Главни негови дела се „Писма на слепите“, „Разговор на Даламбер и Дидро“, „Мисли на толкување на природата“.