Глувче (хардвер)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Глувчето (од анг. mouse — „глушец“) е еден од најкорисните и најкористените периферни делови на компјутерот. Спаѓа во т.н. влезни уреди. Постојат 3 типови на интерфејси за поврзување на глушецот со компјутерот, и тоа: сериски (за постари компјутери), PS/2 и USB интерфејс. Сензорот за детекција на движењето на глушецот (раката на корисникот) може да биде: обичен, со топче или оптички. Со создавањето на напредните оперативни системи и зачето-ците на графички опкружувања се јави неопходна потреба за проек-тирање и изработка на периферен влезен уред заради лесна навига-ција во овие графички средини. Првиот примерок на глувче е произведен од компанијата Microsoft заради потребите на тогашниот прв графички оперативен систем IBM-OS2 ( IBM е фирмата а OS2 е оперативен систем). Смислата на овој периферен уред и негово значење се добива во почетокот на 80-те години со настанокот на графичкиот операти-вен систем Windows 3.1 Овој периферен влезен уред спрема начинот на поврзување го делиме на : -DIN 9 PIN-Сериски конектор -PS2-Приклучок -USB-Приклучок Според функционалноста можеме да ги наведеме следниве ти-пови на глувчиња: -2 button mouse ( глувче со две копчиња) -3 button mouse ( глувче со 3 копчиња) -4 button mouse ( глувче со 4 копчиња) -5 button mouse ( глувче со 5 копчиња) -scrolling mouse ( глувче со вграден лизгач) -combind mouse (глувче со повеќе копчиња и лизгачи)
Со напредокот на технологијата и кај овој уред се видни подобрувања и се повеќе се физички ергономски дотерани за полес-но ракување и намалување на штетните последици од долготрајно ракување. Новата технологија за изработка на овој уред го донесе и така наречениот optical mouse (оптички глушец). Овој глушец работи на принципот на емитирање на инфрацрвени зраци, кон подлогата и со неверојатна брзина од неколку милиони пати во секунда врши отчи-тување на рефлектираните инфрацрвени зраци, со чија помош ја де-финира моменталната способност. За разлика од стандардно изведените глувци, кој имаат топче на долниот дел кон подлогата и вршат отчитување со помош на механички пренос до внатре вградените читачи, овој нов тип не само што има подобри перформанси туку е и од хигиенска и практична гледна точка подобар.Безжичноста покрај воведувањето кај тастатурата се воведе и во овој уред. Денес ги сретнуваме овој тип на безжични глувци (wireless mouse) кој користат два типа на примопредаватели: -Примопредавател по пат на светлина -Примопредавател по пат на звук
Постојат комбинирани глувци од сето горе наведено. Пр. 1 Глувче со 3 копчиња и оптички читач. Пр. 2 Безжично глувче со 3 копчиња и стандарна изведба Пр. 3 постои безжично глувче со 5 копчиња За користење на сите наведени глувци потребно е да имаме и пад-основа или подлога за глувче.