Босанци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Босанци е термин за луѓе кои што живеат или водат потекло од Босна и Херцеговина, но најчесто се користи за означување на Бошњаците.
Покрај тоа што терминот Босанци најповеќе се користи за Бошњаците, сепак во терминот Босанци се кориси и за означување на босанските Срби и нивно разликување од Србите од Србија за кои се користи терминот Србијанци. Истотака во Хрватска за босанските Хрвати се користи терминот Босанци.
Многу погрешно како Босанци се карактеризираат и Бошњаците од Србија (Санџак) и источниот дел на Црна Гора иако тие немаат никаква поврзаност со Босна и Херцеговина.
Бошњаците (Босанците) како народ се најново формиран словенски народ (1992 година) за кој постојат многу контрадикторности и нејасни нешта.
Генерално Бошњанците се населени во Босна и Херцеговина и во регионот Санџак во Србија, а има босански заеднци и во околните балкански земји, Европа и Америка.
[уреди] Нејаснотии околу тоа дали Босанците (Бошњаците) се народ
Ако се земе шаблон дека секој народ треба да има свој јазик, свои посебни културни (нерелигиозни обележја), своја етногенеза и свои посебни антрополошки карактеристики, тогаш босанците не се народ бидејќи немаат ништо од горенаведениве работи.
- Според повеќе српски и хрватски историчари и научници босанците не се посебен народ туку се исламизирани срби (во Босна и Санџак) и исламизирани хрвати (во Херцеговина). Исто така се наведува и дека неможе да се стане посебен народ само врз основа на религијата (ислам) кога јазикот, историјата и културата е ист со српскиот односно хрватскиот.
- Како силен доказ некои научници (срби и хрвати) тврдат дека босанците немаат никаква етногенеза бидејќи тие пред да го примат исламот биле срби или хрвати и не е можно само поради сменувањето на религијата да станат друг народ.
- Официјалните босански научници тврдат дека настанокот на босанскиот народ е поврзан со Богомилското движење, односно тие биле богомили, па откога дошле Турците на нивните простори тие го примиле исламот бидејќи не биле ни со католиците, ни со православните.
- Официјалните босански институции тврдат дека името „босанци“ било етноним уште одамна (постаро дури и од србите и хрватите) и дека уште одамна имало босанско-латински речник?!
- За името босанец постојат повеќе тези: на пример дека тоа е назив за човек од Босна, за Словен - Муслиман, некои тврдат дека поради тоа што зборот „бош“ на турски значи ништо, етнонимот „босанци“ означува „никаков народ“. Меѓутоа среќаваме македонски и бугарски презимиња како Бошњаков или Бошњаковски (христијани) што докажуваат дека зборот Бошњак стриктно не се однесува на човек од Босна или Санџак.