Бергамот
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бергамот | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Научна класификација | |||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||
Citrus aurantium подв. bergamia (Рисо) Рајт & Арн. |
|||||||||||||||||||
|
Бергамот или бергамот-портокал (Citrus aurantium подв. bergamia) е мал, отприлика крушест агрум. Ова овошје за прв пат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут. Расте на мали дрва со исто име.
Овошјето главно се одгледува на Јонскиот крајбрежен регион во покраината Реџо Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовни и алувијални наслаги.
Овошјето е кисело, а од неговата ароматична кора се добива есенцијално масло кое се користи во Ерл Греј чајот, кај парфемите, за слатки и ароматерапијата за лекување на депресија. Се користи и за полесно варење. Бергамотот е и состојка на првата колонска вода направена во Германија во XVII век.
Најмалку еден италијански производител прави мармалад чија главна состојка е бергамот. Во Грција од него се прави слатко.
Бергамот-портокалот нема сродна врска со истоимената билка.
Маслото има некои негативни ефекти како осетливост на светлина (заради хемикалијата бергаптен) и спречување на желудечна апсорпција на потасиум во организмот. [1], [2]
[уреди] Наводи
- ↑ http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=20522 (англиски)
- ↑ http://www.pdrhealth.com/drug_info/nmdrugprofiles/herbaldrugs/100225.shtml (англиски)