Бакнеж
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бакнеж е допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.
Бакнежот обично се смета основен сексуален акт, при кој партнерите се допираат со усните. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите.
Денеска, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност.